Сите живееме бурен и стресен живот и имаме бескрајни грижи како родители, но јасно е дека една од најважните работи што треба да ги направиме е да им даваме љубов на нашите деца.
Истражувањата спроведени во текот на изминатата деценија ја нагласуваат врската помеѓу љубовта во детството и здравјето и среќата во иднина.
Науката ја поддржува идејата дека топлината и љубовта што родителите ја искажуваат кон своите деца резултира со доживотни позитивни резултати за децата.
Повисока самодоверба, подобрени академски перформанси, подобрена комуникација помеѓу родителите и детето и помалку психолошки проблеми и проблеми во однесувањето на детето се резултат на љубовта што родителот му ја искажува на детето.
Од друга страна, децата што не почувствувале љубов од родителите имале пониска самодоверба и се чувствувале отуѓено, биле непријателски настроени, агресивни и асоцијални.
Возрасните што пријавиле дека добивале повеќе љубов во детството биле помалку депресивни и анксиозни и имале повисоко ниво на емпатија. Оние што пријавиле помалку љубов имале проблеми со менталното здравје, биле повознемирени во социјалните ситуации и биле помалку способни да се поврзат со другите луѓе.
Имајќи го ова на ум, како би можеле да воведете поголема нежност и љубов во вашиот семеен ден?
1. Од моментот кога ќе го донесете бебето во вашиот дом од болница, држете го, допирајте го и нишајте го в раце.
Поминете многу моменти галејќи го вашето бебе.
2. Како што ќе растат, играјте со нив.
Организирајте различни забавни активности, како танцување или создавање интересни игри.
3. Поставете си потсетник за да се осигурите дека гушкањето е дел од вашата дневна рутина. Гушкајте ги вашите деца колку што е можно повеќе!
4. И кога згрешиле, бидете нежни.
Додека разговарате со нив за тоа што го направиле погрешно, ставете ја вашата рака на нивното рамо и гушнете ги на крајот од разговорот за да им покажете дека иако не сте задоволни од нивното однесување сè уште ги сакате.