Оценувањето на учениците е посебен сегмент од наставниот процес кој е многу важно да биде правилно осмислен за да функционира како што треба. Експертите низ годините предупредуваа дека досегашниот систем не чини и дека треба да претрпи промени, а согласно новата Концепција за основно образование, се предвидува да има измени во процесот на оценување.
Во овој период членовите на работната група, формирана од Министерството за образование и наука, разгледуваат можности како тоа да изгледа. Мотивацијата на учениците што и како да учат ќе зависи од тоа каков систем на оценување ќе постои.

Додека надлежните подготвуваат план за оценувањето, поразговаравме со проф. д-р Кирил Барбареев на оваа тема, според кого, оценувањето какво што е не чини и треба да се менува. Но тоа треба да се прави внимателно.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X