Австралискиот комичар Лук Донкин на „Тик-ток“ се прикажува како строг безбедносен инспектор во детските паркови. Со помош на кукли тој покажува што може да се случи при користењето тобогани, лулашки и при качувањето на различни структури во детските паркови.
„Повреди на мозокот, фрактури, изгореници“, ги наведува тој можните последици и симулира несреќи што може да му се случат на секое дете. Сите овие активности, се разбира, се претерани, но можат да им ги отворат очите на родителите и да ги предупредат на заканите што ги демнат. Видеото собрало дури 164 милиони прегледи.
Кој е одговорен за детските игралишта?
„За сите детски игралишта изградени на јавни површини на единицата на локалната самоуправа, одговорноста за безбедноста на игралиштето е на лицата одговорни за функционирање на единицата, кои треба да имаат организиран надзор над безбедноста на игралиштата што се во нивна сопственост, како и да ја отстрануваат и поправаат опремата за да се спречат потенцијални повреди на децата“, пишува во упатството на Министерството за економија во Хрватска, а слична е ситуацијата и во повеќето европски земји.
@lukedonkin The playground safety inspector
♬ original sound – Luke Donkin
За детските игралишта што се наоѓаат на површините со кои управува воспитно-образовната установа, директорите на установите се одговорни за безбедноста и другите потреби на детето.
Поплаките за состојбите и неправилностите забележани на детските игралишта се пријавуваат до комуналните редари или директно до комуналното претпријатие задолжено за одржување на детските игралишта.
912