Најинтимните моменти во партнерскиот однос се всушност оние во топлината на домот, кои не ги гледа никој друг. Баш овие моменти уметницата Аманда Олеандер решила да ги сподели преку своите илустрации.
Инспирирана од сопствениот живот и од односот со партнерот, таа одлучила да создаде свои мали уметнички дела.
– Отсекогаш ме интересирало однесувањето на луѓето зад затворени врати. Кога станува збор за мене и сопругот Џој, отсекогаш замислувам фотограф што нè фотографира како се прегрнуваме на каучот и како заедно ги миеме забите. Наместо фотографии, одлучив да направам цртежи – објаснува таа.
– Моите илустрации документираат сè – почнувајќи од свршувачката и планирањето на венчавката. Тие ги прикажуваат сите мои животни промени. Откако ќе купиме куќа и ќе станеме родители, моите илустрации ќе вклучуваат и таква тематика – вели Аманда.
Нејзиниот сопруг ја обожава нејзината работа.
View this post on Instagram
Drawing 62/100 of the drawing a day for 100 days challenge. Me: My legs are hairy Joey: ??
– 500 илустрации подоцна, тој и понатаму возбудено го очекува секој цртеж на кој се наоѓаме двајцата – вели таа.