Игротека

Како изгледа еден училиштен ден во Финска?

Финците важат за најписмена нација во светот, а нивните ученици редовно постигнуваат врвни резултати на меѓународните ПИСА-тестови. Уште од рана возраст образованието е насочено кон игра и учење преку искуство. Децата започнуваат со формално образование на седум години, а предучилишното образование е задолжително и вклучува околу 700 часа креативни и јазични активности.

Основното образование трае од прво до деветто одделение и има цел да ги формира учениците во хумани и одговорни личности, но и да им овозможи практични знаења и вештини. Наставата е организирана со околу дваесет предмети, но учењето е поставено така што доминира практичната работа, а домашните задачи се многу помалку застапени отколку во други системи.

Училишниот ден е релативно краток. Во прво и второ одделение учениците имаат најмногу пет часа дневно. Секој час трае околу 45 минути, со паузи од 15 минути помеѓу часовите и најмалку половина час за ручек. Ручекот е бесплатен, а за време на паузите децата излегуваат надвор, освен ако температурата не падне под –15 степени.

Учениците добиваат домашни задачи, но во просек тоа е околу половина час дневно. Првиот стандарден тест, матурата, го полагаат на 18 години, а резултатите се користат за упис на универзитет. До четврто одделение учениците имаат описни оценки за напредокот, а потоа следуваат класични оценки.

Образованието е бесплатно за сите, а и високообразовните студии не се наплаќаат за граѓаните на ЕУ. Наставниците се многу ценети професионалци со магистратура и имаат клучна улога во поттикнувањето на самостојноста и развојот на учениците.

Финскиот систем нуди пократки училишни денови, повеќе паузи и учење преку работа, но некои сметаат дека групниот пристап не остава доволно простор за најталентираните ученици да напредуваат побрзо.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top