Природно е детето да има променливи чувства за семејната ситуација кога има брат или сестра со аутизам. Постојат многу работи што можете да ги направите за да развиете здрави врски.

Објаснување на аутизмот

Можете да ги зајакнете односите на вашите деца со објаснување и зборување за аутизмот. Зборувањето за аутизмот гарантира дека вашите деца имаат точни информации, што може да помогне да се намали анксиозноста или конфузијата. Овие разговори, исто така, може да ви дадат можност да разговарате за прифаќање на невродиверзитетот во вашето семејство.

Зборувањето за тоа што значи аутизмот, може да им помогне на вашите други деца да го видат и разберат својот брат или сестра како единствена личност. Важно е да му помогнете да ги согледаат силните страни на вашето дете со аутизам, како што е добрата меморија, како и предизвиците со кои се соочуваат, како што е преоптоварување на бучни места.
Добра идеја е да зборувате за аутизмот веднаш штом мислите дека децата можат да разберат, или штом ќе бидат доволно возрасни за да забележат дека нивниот брат или сестра постапува поинаку. Како што децата стареат и разбираат подобро, тие ќе поставуваат посложени прашања за аутизмот и ќе им требаат повеќе информации.

Чекори за зборување за аутизмот

Следниве чекори можете да ги приспособите на различни возрасти и фази на развој:

-Откријте што веќе знаат вашите деца

Можете да го направите ова со поставување прашања како „Маја е аутистична. Дали сте слушнале за аутизам?“ или „Дали забележавте дека Маја игра поинаку од вас?“ Користете јазик и идеи што вашите деца можат да ги разберат. На пример: „Аутизмот ги тера луѓето да размислуваат поинаку. Некои аутисти може да играат или да зборуваат поинаку, или да имаат тешкотии да разберат како се чувствуваат другите луѓе“, или „Маја сè уште не научила да ја игра таа игра, па затоа ја игра поинаку“.

-Бидете подготвени да ги објасните работите неколку пати.

-Можете да читате книги за аутизмот со вашите деца.

-Одвојте посебно време за браќата и сестрите на децата со аутизам

Добро е за сите деца да поминуваат време „еден на еден“ со своите родители, но тоа може да биде особено корисно за браќата и сестрите на децата со аутизам. Специјалното време испраќа порака дека секое од вашите деца е посебно и дека нивните чувства и искуства се важни за вас. Ова е добро за нивната самодоверба и чувството на припадност кон семејството. И кога вашите деца се чувствуваат безбедно и моќно, тоа може да биде добро за нивниот однос со нивниот брат или сестра.

Идеи за посебно време

Одвојте посебно време за вашите деца секој ден. Тоа може да биде приказна пред спиење, или може да биде 10 минути на крајот од секој ден кога ќе им кажете на вашите деца 3 позитивни работи што ги направиле во текот на денот.

-Престанете со она што го правите и слушајте кога вашите деца сакаат да ви кажат нешто. Искористете ги тие можности ако не можете секогаш да одвоите време за нив секој ден.

-Најдете време за посебни активности со вашите деца. Ова може да биде носење на децата на базен или на кино.

-Искористете ја помошта од другите за да се одморите во текот на денот или за време на викендот. Ова може да ви даде можност да поминете време „еден на еден“ со вашето друго дете.

Како да направите вашето аутистично дете и неговиот брат или сестра да си играат заедно

Браќата и сестрите на аутистичните деца генерално се чувствуваат позитивно за своите браќа или сестри, но понекогаш нивните односи не се толку блиски како што би можеле да бидат. Тешкотијата се јавува затоа што децата со аутизам имаат проблеми со социјалната комуникација. Еден начин да поттикнете поблиски односи меѓу вашите деца е да барате начини на кои секој може да игра, да се забавува и да комуницира. На пример, вашите деца може да уживаат играјќи во песок или со возови или играјќи кошарка.

Поставување семејни правила, улоги и одговорности

Важно е вашите деца да чувствуваат дека се третирани праведно и дека секој придонесува за семејниот живот. Ова ги охрабрува сите да се здружат како семејство и ги учи сите деца на вештини за секојдневно живеење и независност.

Идеи за создавање фер правила, улоги и одговорности

-Каде што е можно, креирајте семејни правила кои се фер и конзистентни за сите ваши деца.
-Користете стратегии за да поттикнете позитивно однесување кај сите ваши деца.
-Обидете се да бидете фер и доследни во справувањето со агресивно или лошо однесување од сите ваши деца.
-Креирајте задачи што се соодветни за различни возрасти, развојни фази, сили и способности на вашите деца.

Управување со предизвикувачки чувства

Вашите деца може да имаат мешани или негативни чувства кон нивниот брат или сестра со аутизам. На пример, во различни периоди тие може да чувствуваат:

-љубомора поради времето што го поминувате со нивниот брат или сестра
-обесхрабрување, бидејќи нивниот брат или сестра изгледа како да не сака да си игра со нив
-гнев, ако мислат дека ги третирате поинаку отколку нивниот брат или сестра
-се под стрес, поради дополнителни обврски дома или училиште
-се заштитнички настроени кон својот брат или сестра, но и лути ако другите го исмеваат
-засрамени од несаканото внимание за време на семејните излегувања
-вина затоа што се чувствуваат непријатно или лути на својот брат или сестра
-загрижени дека може да се разделите или разведете од партнерот поради семејни околности
-загрижени или огорчени поради идната улога на старател за нивниот брат или сестра.

Идеи за помош на децата кои имаат предизвикувачки чувства

Бидете свесни за чувствата на вашите деца и признајте ги. На пример, ако вашето дете рече: „Мразам да си играм со него затоа што ми ги зема играчките“, можете да кажете: „Тоа навистина не е убаво“.

Разговарајте со вашите деца за нивните чувства без осудување. На пример, можете да кажете: „Не сум лут/а на тебе. Кажи ми што се случи и како се чувствуваш“.

Побарајте позитивни излези за чувствата на вашите деца. На пример, можеби сакаат да цртаат или сликаат за да ги изразат своите чувства.

Споделете ги вашите чувства за да им помогнете на вашите деца да разберат дека нивните чувства се природни. На пример, би можеле да кажете дека понекогаш и вие се чувствувате фрустрирани.

Поттикнување мрежа за поддршка надвор од семејството

Групата за поддршка на браќата или сестрите може да им помогне на вашите деца да сфатат дека не се сами и да разберат дека нивните чувства се природни. Групата за поддршка на браќата или сестрите, исто така, може да ги подобри односите на вашите деца.

Групата за поддршка на семејството за аутизам може да биде одличен начин да се сретнете и да формирате пријателства со други луѓе во слични ситуации како вашата. Исто така, може да им даде можност на вашите деца да запознаат други браќа и сестри на деца со аутизам.

Автор: Јасна Дреновац

Извор



912

X