Игротека

Како детето да напредува на училиште, откриваат педијатри

Читањето со вашето дете уште од рана возраст помага во развојот на мозокот и ги зголемува шансите за позитивни односи и успех на училиште, велат од Американската академија за педијатрија.

Многу истражувања покажуваат дека читањето заедно со децата, вклучително и новороденчињата, им помага на децата и родителите да развијат приврзаност. Исто така, тоа е поврзано со подобро здравје на мозокот кај децата. Научните докази ја поттикнаа Американската академија за педијатрија да ги потенцира предностите од заедничкото читање.

– Заедничкото читање им помага на децата да развијат подолго внимание, размислување, самопочит и социјални вештини. Овие квалитети ги зголемуваат шансите за успех на училиште и добра кариера – велат американските педијатри.

Тие препорачуваат заедничкото читање да стане дел од вашата дневна рутина пред спиење. Најдобро е да користите печатени книги со убави илустрации, слики и богат, експресивен речник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top