Мирисот на хлор, бактериите и нечистотијата… Чистотата на јавните базени воопшто не им е важна на нашите деца бидејќи тие имаат поважна работа – да уживаат во капењето. Но, нам ова прашање ни е многу важно, па често ни е непријатно кога влегуваме во базените или одлучуваме да ги избегнеме. Која е вистината за базените и кои се знаците за нивна чистота?

Дали типичниот мирис на базен е мирисот на хлор и тоа е знак за чистота?

За жал не, туку знак за нечистотија. Секој човек што влегува во базенот остава свои бактерии, коса, пот, човечка кожа и во просек 50 милилитри урина – толку базенска вода просечната личност пие додека се плива во него.

За да не се размножуваат бактериите, водата се третира со слободен хлор што нема мирис. Ваквиот слободен хлор реагира со органските соединенија (ги неутрализира) и создава врзан хлор, трихлорамин, што го дава тој карактеристичен мирис што го знаеме. Таквиот хлор повеќе не дејствува против нечистотијата и мириса, ги надразнува очите и секако е знак дека водата во тој базен не е добро одржувана.

Дали децата воопшто смеат да влезат во базен?

Секако. Базените постојано се под надзор и водата не е секогаш со добар квалитет за да може да се пие, но болестите не треба да се шират дури и ако човек малку проголта вода. Ако базенот и целиот систем за филтрирање на водата се застарени, тогаш работите можат да станат лоши. Остриот мирис на хлор е знак дека во тој базен не треба да влезете бидејќи тоа упатува на голема количина на врзан хлор – трихлорамин и други нуспојави во водата. За да се спречи тоа, персоналот на базенот ја мери количината на слободен хлор во водата како знак за неговата чистота.

Како да препознаете дека базенот не е добро одржуван?

Најчесто тоа можете да го видите со голо око и нос. Матна вода, алги на крајните делови од базенот, нечистотија на дното на базенот, мувла на фугите.

Дали можат да функционираат базените без хлор?

Во јавните базени не е можно да се одржува чистотата на водата без хлор. Еден дел од хлорот може да се замени со озон, што е поскапо и покомплицирано. Озонот е отровен и затоа за чистотата на водата се користи во помали концентрации, додека за останатиот дел мора да се погрижи хлорот. Исклучок се базените со морска вода бидејќи во нив самата морска сол дејствува на намалување на бројот на бактерии. Секако, ако сите пред капење во базенот се истушираат со сапун, како што пишува пред базените, тогаш би се намалила количината на потребен хлор.

Како можете да се заштитите од инфекции?

Така што ќе имате костими за капење и секаде каде што седите, на клупите, на лежалките, во сауната, ставајте под вас крпа. Нека секој член од семејството има сопствена крпа. Најдобро е да имате крпа со две различни страни, во различна боја, за едната страна секогаш да ја ставате од страната на подот. И, се разбира, по капењето секогаш истуширајте се и добро избришете се.

Како да избегнете габи и брадавици?

Габите и брадавиците се предизвикани од мокри, влажни подлоги или теписи. Најдобра превенција е носење влечки, добро миење на нозете и темелно сушење со крпа, што ќе го отежне нивното размножување.

 



912

X