Игротека

Уредување на детската соба така што ќе расте со вашето дете

Уредувањето на детската соба е една од поголемите и поважни задачи при уредувањето на нашите станови и куќи. Додека остатокот од домот го уредуваме по своја желба и не планираме поголеми промени долго време, кога уредуваме детска соба, има многу нешта што треба да ги имаме предвид. Освен што сакаме да биде најубава соба на светот, таа мора да им се допадне и на најмладите, а при уредувањето веќе имаме на ум дека некогаш ќе мораме сè да почнеме одново.

Да можевме да ја уредиме собата така што ќе расте заедно со нашите деца. Тоа не е лесно затоа што вкусот на децата се менува, но не е невозможно. Токму трендовите се најголемата пречка кога сакаме да создадеме соба која ќе расте со детето затоа што трендовите се краткотрајни и мора да ги избегнуваме.

Дизајнерката на ентериер Кели Веарстлер истакна дека секогаш треба да се потпреме на разиграноста без оглед на возраста на детето бидејќи разиграноста ја поттикнува имагинацијата.

Еве некои од нејзините совети.

Фокусирајте се на парчиња чија релевантност не избледува

За пример земете ги огледалата. Кога детето е мало, тоа го гледа својот одраз во огледалото, прави гримаси и секој ден открива нови изрази. Но, кога ќе порасне, може да го користи за друго. И нема причина тоа огледало да не биде нешто посебно со трајна уметничка вредност.

Применете стратегија на еволуција дел по дел

За да остане собата свежа, секоја година може да се воведат едно или две нови впечатливи парчиња кои ќе означуваат ново поглавје во развојот на детето и ќе создаваат нова фокусна точка. Тоа може да биде шарено ќебе или впечатлив мебел. Овие додатоци создаваат слоеви на интерес и овозможуваат собата да расте на начин што ја одразува променливата и лична естетика без комплетен редизајн.

Земете ја предвид двојната функционалност

Кревет кој е и плакар, лaмба со вграден звучник, фотелја која може да биде и кревет кога некој ќе остане на спиење. Сите овие парчиња можат некое време да се користат за една намена, а потоа за друга.

Потпрете се на мебел што може да се преуредува и приспособува

Модуларниот мебел можеби не е најевтин, но неговата употреба може да трае многу подолго од обичниот мебел. Удобен агол за читање може подоцна да прерасне во простор за дружење како што детето расте.

Извор

Поврзани написи

To top