Иако родителството е прекрасно искуство, тоа е многу напорно и дефинитивно не е за секого. Потребни се многу трпение, љубов и разбирање. Во една неодамнешна епизода од поткастот „Отворени односи: Трансформирање заедно“, психијатарот од „Харвард“, д-р Френк Андерсон ја сподели тајната за тоа како мајките и татковците да станат подобри родители.

Тој откри дека и самиот имал проблеми со оваа тема. Како психијатар образован на „Харвард“, тој сметал дека никој не треба да знае подобро од него како да избегне повторување на грешките на неговите родители.

– Главната причина што имав деца беше да им дадам поинакво искуство од она што го имав јас додека растев. Тоа беше целата поента. Но, се најдов себеси како го повторувам истото што родителите ми го правеа мене. Повторувањето на она што ми беше направено беше страшно, според моето искуство, секој што е трауматизиран ја носи енергијата на жртвата, но ја апсорбира и енергијата на сторителот – вели психијатарот.

Затоа, објаснува Андерсон, ако не ја признаеме нашата „темна“ страна, ќе ја повториме. Единствениот начин да се прекине бескрајниот циклус на траума меѓу генерациите е да се признае и прифати таа вистина, тврди д-р Андерсон.

Иако е експерт за трауми, признава дека му било тешко сам да се справи со тоа.

– Можеби бев на „Харвард“ и сум експерт, но ја доживувам мојата траума исто како и сите други. Така што не можеме да се излекуваме додека не ги признаеме двете страни од себе. За мене, сѐ се враќа на прашањето: „Како можам да преземам одговорност?“ Потоа, време е да најдете простување и сочувство за себе како што имате за вашите родители – заклучува психијатарот.

Извор



912

X