Џеника Витни е во брак три години и станала мајка двапати во рок од две години. Таа го сподели своето искуство – како да се преживее со две деца родени во помалку од две години. Второто девојче Калија Луна Витни е родено кога првата ќерка имала 16 месеци. Еве ги нејзините четири совети:
Побарајте помош – и не срамете се да прашате, без вина или двоумење
„Ова беше тешко за мене, како независна жена. Се борев со чувството дека немам сè под контрола затоа што, да бидеме искрени, губите секаква контрола кога се грижите за едно дете и друго е на пат. Отфрлањето на потребата да бидете секогаш силни и да барате помош ќе го спаси вашето ментално здравје, верувајте ми“.
Размислете подлабоко. И медитирајте размислувајќи за пошироката слика
-Ја знаете изреката „сè се случува со причина“? Иако е тешко да се види виножитото додека има бура, императивот е да верувате дека сè се случува со причина и е прашање на време кога ќе го сфатите благословот кој стои зад вашите моментални околности. Направете го најдоброто што можете за да го подготвите светот за бебето број 2 – а тоа значи да се помирите со ситуацијата во која сте и со она што ќе следува понатаму“.
Работете на вашите соништа!
-Како да работите на вашите соништа кога сте уморни, исцрпени, безволни, се чувствувате лошо и како да не сте свои? Едноставно е. Запишете ги вашите цели, сфатете дека и ова ќе помине и искористете ги моментите што ги имате за повторно да се движите кон вашите соништа. Дури и ако тоа значи дека имате на располагање само 30 минути дневно, кога хаосот ќе се смири, прочитајте книга, напишете го тој блог, продолжете да работите на бизнис-планот. Сите ваши напори ќе се спојат ако продолжите да правите чекори кон вашите соништа. И запомнете, секој чекор е важен.

Консумирајте „благодарност“ за појадок
„Мислам дека најголемиот дел од мојата сила во изминатите две години потекнува од благодарноста. Вистината е дека не секој е благословен со можноста да носи дете, а камоли две. Иако ова е товар за многу жени, можам да кажам дека чувството на благодарност го прави сето тоа да биде вредно.
Смирете се за момент, 10 пати вдишете и издишете и фокусирајте се на чувството на благодарност. Издишете ги сите чувства на исцрпеност, страв или загриженост.
Ако сте како мене и токму низ тоа поминувате… подгответе се и повлечете ги чорапите нагоре. Вие сте борбени и ќе преживеете.
Направете простор за љубовта. И сè ќе си дојде на свое место.
Автор: Ања Милиќ