Пишувањето домашна задача и завршувањето на другите училишни задачи дома често е вистински кошмар (и за децата и за родителите). Како да го поттикнете детето самостојно да се грижи за своите должности и на тој начин да не морате да го повторувате прашањето 100 пати секој ден: Дали ја напиша домашната задача?
Честопати од децата очекуваме сосема нереални работи, на пример, да размислуваат и дејствуваат исто како возрасен родител.
Честопати, проблемите на детето ни изгледаат бесмислени, па само одмавнуваме со раката. Но, малите проблеми изгледаат како најголеми проблеми на светот за една мала личност, а понекогаш на детето му се потребни само поддршка и љубезен збор за кај него да се поттикне мотивација и желба да напредува.
Следете го однесувањето на детето
Понекогаш детето едноставно е мрзливо и незаинтересирано за домашните задачи, но истовремено има многу деца кои во тој момент имаат некои проблеми на училиште, уморни се, не спиеле добро или едноставно се расеани. Следете го однесувањето на вашето дете и реагирајте соодветно. Понекогаш е доволно да прошетате заедно за да земете свеж воздух за и двајцата да добиете подобра мотивација да го продолжите денот.
Понекогаш на детето треба да му дадете простор за да се одмори од училиште пред повторно да се посвети на домашната задача. Многу работи можат да влијаат врз мотивацијата и концентрацијата, па доколку навреме го откриете проблемот, полесно ќе ти надминете сите препреки заедно.
Дајте му на детето доволно време и простор да реагира
Ако постојано му создавате притисок дека домашната задача мора да се заврши сега и веднаш, вие навистина можете да создадете одбивност кон оваа обврска кај вашето дете. На детето му треба време за да создаде навика да пишува домашна задача, да ја открие динамиката и во кој период од денот тоа му се допаѓа.
Кога детето ќе ја напише домашната задача во моментот кога решило да ја направи, ќе научи и ќе запомни многу повеќе бидејќи тоа е времето кога е фокусирано на училиштето. Ова е често многу тежок процес за родителите, но запомнете дека сето тоа е за поголема цел!
Обезбедете пријатно училишно катче за вашето дете
Како што на возрасните им се советува да не работат од кревет или на масата каде што вечераат, како и на каучот каде што гледаат филмови со семејството, така и децата уште од мали треба да знаат како да ги одвојат уживањето и „работата“. Фиксно место со биро наменето за детето да учи и да пишува домашни задачи е многу важен елемент во создавањето училишни навики. Ако го вклучите вашето дете во опремувањето на работното катче, бидете сигурни дека уште повеќе ќе ужива во секоја училишна задача!
Воспитување без награди и уцени
Како и со сè друго во животот, навиките изградени на лоши основи многу брзо се распаѓаат. Затоа, никогаш не охрабрувајте го вашето дете да ги извршува училишните задачи со награди. Детето мора да научи дека домашната задача е негова одговорност, а не нешто извонредно и посебно кое треба редовно да се наградува.
Системот за наградување дава најбрзи резултати, но поставува погрешни основи. Детето ќе биде среќно кога ќе го пофалите што добро си ја завршило домашната задача и тоа ќе го мотивира да продолжи, но уценувањето на детето со награди за да го натерате да ја напише домашната работа може да има само негативни долгорочни последици.
912