Воспитување

Како да се отстранат блокадите што општеството им ги наметнува на мајките?

Истражување спроведено во Америка покажало дека за мајките денот започнува околу 6:23 и завршува околу 20:30 часот. Работат 14 часа дневно, или 98 часа неделно, секој ден. Кој вообичаено би го правел тоа на која било работа? Па, мајките го прават тоа. Но, тоа не е сè.

Медиумите постојано наметнуваат различни идеали кои мајките, свесно или несвесно, се трудат да ги постигнат. Тие се во очекувањата што општеството им ги наметнува или што тие самите ги имаат за себе. Мајката мора да биде успешна на работа, секогаш да има подготвен оброк дома, куќата мора да блеска, треба секогаш да е расположена, секогаш подготвена да им помогне на децата за какви било проблеми или обврски. Секако, мора да биде и секси и да има време за својот сопруг. И, никогаш не смее да заборави на себе!

Сепак, она што се заборава е фактот дека овие очекувања и слики не можат да се остварат бидејќи не се реални. Затоа што вистинската мајка едноставно физички не може да го направи сето тоа. И што се случува кога мајката се обидува да ги исполни тие стандарди, но едноставно не успева?

Обично тогаш се јавува најострата самокритика. Мајките се чувствуваат сè полошо и полошо. Малку по малку, таа создава слика за себе – мајка која не е добра. Дури тогаш кога мајката ќе почне да се прифаќа себеси таква каква што е, дури тогаш ќе се сака себеси, ќе надмине многубројни блокади и ќе биде среќна. А среќна мајка значи среќно семејство.

Она што е важно е мајките да видат дека мајчинството не е нешто што се развива само по себе. Мајчинството е нешто што се учи. Како и секоја друга вештина, за мајчинството е потребно време и некој што ќе ја води мајката на нејзиното патување. А првиот чекор во тоа – е мајката да научи да се сака себеси, да се прифати таква каква што е и да ги отстрани блокадите што настанале поради очекувањата и идеалите кои ѝ ги наметнало општеството.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top