Воспитување

Како да се однесувате со тинејџер кој покажува непочитување

Справувањето со проблемот на бунтовен тинејџер никогаш не е лесно. Па ако има елементи на непочитување кон родителите, наставниците и другите авторитети во тој бунт, тогаш проблемот добива нова димензија.

Во принцип, кога ќе почувствуваме дека некој отворено не нѐ почитува, логично е да бидеме повредени и револтирани. Но, ако тоа непочитување доаѓа од нашите деца, оние за кои верувавме дека добро сме ги научиле на сè, тогаш тоа може да биде особено болно. Сепак, пред да го сфатите лично секој збор на вашиот тинејџер, имајте го на ум периодот во кој се наоѓа, што понекогаш може да биде причина за однесување кое не е одраз на самото дете.

Правилата сè уште важат. И правилата сѐ уште се важни.

Родителите на тинејџери понекогаш се чувствуваат како да мораат да ги остават правилата настрана за да ја докажат својата љубов кон своето дете. Но, ако сакате да се справите со непочитувањето што го покажува вашиот тинејџер, првото нешто што треба да го направите е да се држите до правилата за кои верувате дека се такви какви што треба да бидат. Да, можно е да ги сакате децата и истовремено да очекувате од нив да ги почитуваат договорите и правилата кои постојат со причина. И вашиот тинејџер го знае ова многу добро, тој само проверува дали и вие го знаете тоа.

Не кажувајте работи што не ги мислите

Кога сме вознемирени, лесно е да кажеме зборови кои не ги мислиме и кои никогаш не би ги кажале во нормално расположение. А тоа може да му наштети на односот што го градиме со детето. Ситуациите во кои децата нè доведуваат до работ на нервите со нивните одговори се замки во кои лесно паѓаме. Многу е важно во такви моменти да се брои до 10 и да не се падне во оган од кој подоцна е тешко да се излезе.

Бидете конкретни и кажете што ви пречело

Кога ќе се појави ситуација кога ќе почувствувате дека вашето дете не ве почитува доволно, понекогаш тинејџерите не можат да го видат тоа со исти очи. Затоа е важно јасно и прецизно да кажете што ве вознемирило и како сте се чувствувале.

Бидете родител, а не пријател

На децата им требаат пријатели, но тоа не треба да бидат нивните родители. Ако имате пријателски однос со нив и се трудите да бидете на исто ниво, не можете да се налутите што ви се обраќаат како да сте „другари“. Мора и да дадете и да очекувате почит.

Покажете почит

Да, децата треба да ги почитуваат своите родители и вие имате право да го очекувате тоа од нив. Но, прво треба да започнете и вие од некаде. На крајот на краиштата, децата учат од вас како да се однесуваат. Не од вашите зборови, туку од вашите дела.

Бидете заедно, често

Да, тинејџерите копнеат по независност и нема да бидат премногу луди по идејата да поминат една вечер со вас во разговор и да играат „Монопол“. Но, важно е да инсистирате да поминувате време заедно. Тоа е начин да се зачува блискоста и односот што, сепак, до одреден степен, ќе ве заштити од изливи на непочитување.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top