Имав спонтан абортус по еден месец откако останав бремена и, како и повеќето жени, не знаев како да зборувам за ова на работа. Всушност, немав идеја како да зборувам со кого било без да се расплачам.

Во тој период имав висока позиција во медиумски стартап кој се подготвуваше за продажба, па не кажав никому дека сум бремена плашејќи се дека информацијата ќе ја загрози мојата лидерска позиција, а камоли оваа ненадејна неподнослива загуба.

Не помогна ни тоа што две мои колешки блескаа со нивната нова бременост, ниту пак тоа што лекарот ме уверуваше дека не направив ништо за да го предизвикам абортусот. Сепак, сето тоа го чувствував како тотален неуспех. Плачев в кревет една недела, скршена од болка.

И покрај тоа што 10-20 отсто од бременостите завршуваат со спонтан абортус, жените не разговараат за оваа тема на работа. Причините се очигледни: срам и предрасуди поврзани со спонтаниот абортус, а да не зборувам за неконтролираната дискриминација на работното место и врз бремените жени и врз жените што доживеале спонтан абортус.

Секоја што доживеала спонтан абортус може да ви ги каже основните факти за искуството. Медицински дефинирани како спонтано губење на фетусот во првите 20 недели од бременоста, спонтаните абортуси се случуваат најчесто кога фетусот се развива ненормално. Иако раното губење на бременоста е релативно честа појава, истражувањата покажуваат дека често може да доведе до депресија, анксиозност, па дури и посттрауматско стресно нарушување.

Заедно со мојата тага доживеав низа симптоми што ми отежнаа да се концентрирам на работата и работните обврски. Расеаноста, заморот и тешкотиите при носење одлуки беа само неколку од моите вообичаени акутни симптоми на губење на бременоста.

Дајте си време за тагување и закрепнување

Спонтаните абортуси се случај кога одвојувањето време за закрепнување, дури и еден слободен ден, може да помогне да се избегнат посериозни проблеми подоцна.

Ако се соочувате со спонтан абортус, земете слободен ден веднаш откако ќе се случи. Ако не се соочите со проблемот сега, голема е веројатноста проблемот да се појави подоцна.

Претходно испланирајте што ќе кажете

За жените што не сакаат да ја споделат ранливоста, не мора да ги дадете сите детали. Тогаш кажете нешто како: „Поминувам низ медицински проблем, па мојот лекар инсистира да земам одмор“.

Друга опција е да му кажете на менаџерот или тимот дека сте доживеале спонтан абортус, дека избирате да одите на работа, но дека нема да функционирате во рамките на нормалниот капацитет. Можете да кажете нешто како:„Не сакам да се грижите затоа што можам да се грижам за себе, но сакам да знаете дека ова ми се случува“.

Ослободете се од притисокот за брзо закрепнување

Може да го чувствувате влијанието на спонтаниот абортус во период од неколку недели, месеци, па дури и години по искуството. Дајте си време толку колку што ви е потребно. Колку побрзо научите да бидете опуштени и да правите помалку работи, толку побрзо ќе закрепнете.

Извор



912

X