Воспитување

Како да препознаете талент кај детето?

Набљудувајќи го своето дете, родителите често забележуваат некој талент. Но, многу од нив уште од мали нозе го тераат детето да се запише на одредени секции и тренинзи, па доаѓа до премногу обврски во кои најмалите не можат да се снајдат. Затоа се добива спротивен ефект.

Родителите многу често се поделени во две групи. Едни се залагаат за ран развој, па од втора година ги тераат децата да посетуваат различни активности, без да сфатат што сакаат. Другите, напротив, чекаат детето да каже што го интересира и да покаже максимален интерес за одредена активност. Не треба да ги преувеличувате раните активности, но ниту да одолжувате. Има работи на кои треба да обрнете внимание бидејќи тие можат да го покажат талентот на вашето дете и да ви помогнат да се фокусирате на неговиот развој.

Талент за ликовни уметности

Обрнете внимание на цртежите на вашето дете:

-Во нив нема униформност. Детето може да црта различни предмети, луѓе, појави и ситуации.
-Се обидува да го нацрта тоа што му се допаѓа.
-Инспирацијата ја бара во други слики, скулптури…
-Способно е да создава оригинални уметнички дела од цвеќиња, цртежи, камења, поштенски марки, разгледници…
-Сака да користи нови материјали за правење играчки, колажи, цртежи…
-Овие деца не само што цртаат, туку и вајаат.
-Тие ги изразуваат чувствата преку креативност.
-Сакаат да работат со глина, пластелин, хартија и лепило…

Музички талент

Музичката надареност може да се манифестира на следниов начин:

-Детето покажува дека добро реагира на музика, му се зголемува расположението.
-Добро пее.
-Има многу енергија и чувство за танцување, пеење, свирење на музички инструменти. Своите чувства ги изразува преку музика, пеење и танцување.
-Овие деца сакаат да слушаат музика и ја изразуваат својата желба за одење на концерти и танцувачки настани.
-Брзо ги совладуваат музичките инструменти.
-Сами компонираат.

Книжевен талент

Забележете дали на вашето дете му се допаѓа нешто од следново:

-Пишува приказни или песни.
-Може лесно да смисли приказна со сите заплети.
-Неговиот говор е добро развиен. Кога зборува за нешто, не ја губи од вид главната идеја.
-Се придржува до деталите во приказните, изоставувајќи сѐ што е излишно.
-Добро избира зборови кои можат да ја пренесат емоционалната состојба на ликовите, нивните искуства и чувства.
-Фантазира, додава нешто ново и необично, дури и кога зборува за нешто ново и познато на сите.
-Знае многу сликовито да ги прикаже своите ликови, може да го пренесе нивниот карактер, чувства, расположение.

Талент за глума

Дефинитивно треба да го запишете вашето дете во театарска група ако забележите дека:

-Лесно влегува во улогата на кој било лик.
-Заинтересирано е за глума.
-Ја менува интонацијата на говорот додека имитира друга личност.
-Способно е да го разбере и прикаже конфликтот со глумење драматична сцена.
-Има богати изрази на лицето и движења преку кои ги изразува своите чувства.
-Се обидува да предизвика емотивна реакција кај другите луѓе кога зборува за нешто со ентузијазам.
-Сака драматични игри.

Технички талент

Следниве карактеристики можат да покажат дека вашето дете ќе биде иден инженер, технолог или дизајнер:

-Интерес за механизми и машини.
-Може да ги поправи своите играчки или да направи нова од деловите на стара играчка.
-Сака да ги одвојува деловите и да ја проучува механиката на играчките.
-Сака да црта разни механизми и машини.
-Чита списанија за конструкции, уреди или правење нови.
-Сака да разговара за научни настани, пронајдоци…
-Сака да дизајнира модели.
-Брзо го совладува работењето на компјутерот и другата опрема.

Спортски талент

Дефинитивно вреди да се развие ако го забележите следниов талент кај вашето дете:

-Зголемена енергија во споредба со другите деца.
-Сака да учествува во спортски игри и натпревари.
-Има желба да победува во спортските игри.
-Детето е побрзо и поотпорно од своите врсници.
-Неговите движења се лесни, совршено координирани.
-Сака планинарење, играње на спортски терени…
-Претпочита да го поминува слободното време во игри на отворено.
-Физички е поотпорно од неговите врсници.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top