Воспитување

Како да препознаете кога тинејџерот лаже

Родителите често не знаат кога нивниот тинејџер е искрен, а кога ја искривува вистината. Експертите наведуваат неколку показатели што можат да откријат дали детето лаже.

Адолесценцијата и кажувањето на вистината главно не одат заедно бидејќи оваа возраст е лизгав терен за ситни, но и за покрупни лаги. Родителите често не знаат кога нивниот тинејџер е искрен, а кога ја намалува или ја искривува вистината, па понекогаш се чувствуваат измамени, а понекогаш неправедно го обвинуваат детето. Тоа на подолги патеки негативно се одразува врз нивниот однос и создава напната, негативна атмосфера во домот.

Експертите наведуваат неколку показатели што можат да откријат дали детето лаже, па на родителите им се препорачува да ги користат како еден вид тестирање.

Одолжува со одговорот

Штом ќе забележите дека тинејџерот на поставено прашање одговара со „пааа….“, уфрлува непотребни детали и многу излишни информации, се обидува да ја промени темата или користи повеќе заменки од вообичаено, значи дека купува време и најверојатно бега од вистината.

Премногу гестикулира

Вие го прашувате дали нешто направил или кажал, а тој одеднаш почнува да се поти, да мавта со рацете, да се чеша, ја соблекува јакната, ги превртува очите, ги гризе усните или ноктите – речиси е сигурно дека со неконтролираните гестови се обидува да ја изврти вистината.

Одбива да слуша и станува агресивен

Детето кое вообичаено не е импулсивно или нервозно, одеднаш покажува агресија, пренагласено лутење или на поставеното прашање се бори со напад, одбива да слушне што му зборувате – главно го прави тоа затоа што лаже.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top