Грипот се јавува секоја година во периодот од октомври до март. Ова вирусно заболување обично започнува со висока температура наеднаш, од претходно сосема добра здравствена состојба, што ги загрижува родителите и е причина за одење на педијатар во првите денови од болеста.
-Може да се појави кај сите возрасни групи, но малите деца, бремените жени, лицата над 65 години, лицата и децата со хронични заболувања, како и оние со ослабен имунитет, се изложени на ризик од компликации – вели педијатарот д-р Анкица Трајковиќ.
Како се пренесува грипот?
Вирусот на грип лесно се пренесува:
-преку воздух,
-во директен контакт со болно лице или
-индиректно преку контаминирани предмети (играчки, рачки, очила…).
На овој начин, вирусот брзо се шири во услови на колективен престој или сместување, како што се:
-детски градинки,
-училишта,
-игрални,
-трговски центри,
-домови за стари лица.
Симптоми на грип
Периодот од изложеност на вирусот до појавата на првите симптоми, таканаречената инкубација, трае 1-4 дена. Болеста најчесто започнува со висока телесна температура над 39 °C, по што следуваат:
-кашлица,
-исцедок од носот,
-премаленост,
-болно грло,
-болки во мускулите и зглобовите.
Колку е помало детето, толку се поразновидни симптомите, како што се:
-намален апетит,
-плачење,
-раздразливост,
-повраќање,
-дијареја,
-а во потешки случаи, отежнато дишење.
Болеста може да варира од благи до тешки, опасни за живот форми на болеста. Повеќето заболени оздравуваат за 7-10 дена, меѓутоа, децата (особено под 5 години) и возрасните со висок ризик може да развијат компликации како што се:
-пневмонија,
-инфекции на увото,
-бронхитис,
-егзацербација на астма и срцеви проблеми,
-како и синдром на акутен респираторен дистрес (ARDS).
Лекување на грипот
Лекувањето се базира на:
-одмор,
-дополнување на течности,
-правилна исхрана,
-внес на витамин Ц и
-симптоматска терапија.
Важно е да се напомене дека антибиотиците не го лекуваат грипот и се вклучени во терапијата само во случај на придружни бактериски инфекции, според мислењето на лекарот. Во спротивно, тие можат да направат повеќе штета отколку корист.

Како да се реагира превентивно?
Грипот може да се спречи со превентивни мерки и вакцинација. Општите превентивни мерки се:
-често миење на рацете,
-проветрување на просториите,
-избегнување собири во затворени простори со голем број луѓе,
-здрава исхрана со многу овошје и зеленчук,
-редовно спиење и внесување течности.
Вакцинација против грип
Вакцинацијата против грип не е задолжителна, но е меѓу препорачаните вакцини. И децата и возрасните можат да ја примат оваа вакцина, а се дава секоја година пред почетокот на сезоната на грип, особено ако станува збор за деца и возрасни кои се изложени на ризик од компликации од грип. Покрај вирусот на грип, во популацијата моментално се изолирани и други вируси слични на грип (хуман метапневмовирус, риновирус, РСВ, аденовируси), кои претставуваат иста или слична клиничка слика, и кај децата и кај возрасните.