Тоа што не знаат да зборуваат, не значи дека вам нема да ви покажат дека им е топло и морате да ги одведете во некоја пријатна просторија. Постојат неколку показатели дека на вашето бебе му е топло и тоа „апелира“ за помош:
– Забрзано диши? Брзото дишење е симптом за прегревање.
– Главата и вратот му се мокри? Повеќе од извесно е да се поти од прекумерна топлина.
– Сте забележале осип по телото и дека на бебето лицето му е црвено? Раскомотете го детето што побрзо.
– Кога ќе ја ставите раката на градите од бебето, чувствувате топлина? Тоа е сигурен знак дека му е претопло.
– Не може да заспие, се превртува, плаче, кенкаво е? Многу е веројатно дека за сето тоа е виновна топлината.