д-р Александра Михајловска, матичен педијатар

д-р Александра Михајловска, матичен педијатар

ПЗУ „ Д-р Михајловска“ - Битола
тел. 071 222 941

Повеќе од авторот

Третманот вклучува соработка меѓу педијатарот, родителот и детето

Опстипација или запек означува нередовно празнење на цревата помалку од двапати неделно во тек на 12 недели. Таа може да биде акутна или хронична доколку трае подолго од еден месец кај деца до 4-годишна возраст или два месецa кај деца над 4 години.
Причините во 95% од случаите се функционални (психогени), но постојат и органски причини за опстипација. Кога зборуваме за органските причини, опстипацијата може да почнувa во раниот новороденечки период со отсуство на прв измет или мекониум, а причини може да се Хиршпрунгова болест, дивертикулози, хипотиреоза и многу други.

За функционална опстипација како третман се препорачува:
1. Физичка активност кај секое дете до 3 часа во тек на денот.

2. Храна богата со растителни влакна кои содржат доста целулоза (црна слива, смоква, праска, зелка, црн леб, житарки).
За појадок: 1-2 лажички маслиново масло на гладно, каша од урма, смоква и сува слива.
За ручек: Свежо овошје со зелен зеленчук (спанаќ, брокула, тиквица, семки од тиква, кафеав ориз), а за над 4-годишна возраст и јаткасти плодови.
Супа или чорба од брокула. Млеко до 300 мл на 24 часа, јогурт и павлака.
Вечера: Каша од праска, круша и јаболко со овесни снегулки.

3. Зголемен внес на течности до 2 литра за 24 часа.

4. Тоалетен тренинг на редовно празнење на цревата.

5. Дезинпакција на фекалиите со ставање глицеринско чепче кај доенче и дете до 2 години или клизма кај поголемите деца.

6. Користење осмотски лаксативи (PEG) на уста само по препорака на педијатар.

Третманот вклучува соработка меѓу педијатарот, родителот и детето.
Родители, бидете упорни и истрајни и секогаш следете го советот од докторот на вашето дете затоа што на крајот секогаш завршувате со победа од добар тренер, а тоа е вашиот матичен педијатар.



912

X