Децата се љубопитни, сѐ ги интересира и и секогаш имаат купишта прашања. За да си обезбедите кратка оддишка, а истовремено уште подобро да го запознаете своето дете и да му дадете можност да ја развива фантазијата, постои еден секогаш правилен одговор кој може да му го дадете.

Во продавница сте и детето ве прашува зошто купувате портокали и моркови. Потоа, додека одите кон автомобилот сака да знае колку автомобили има во целиот свет. И додека се возите кон дома, уште прашања за тоа што мислите дека во моментот прави неговиот другар Петар.

Од една страна, среќни сте што вашето дете покажува толкава љубопитност, но од друга страна тоа е исцрпувачки (особено кога се обидувате да ги средите работите што сте ги купиле и да ставите вода за тестенините).

Еве за што се работи – можеби прашањата на вашето дете ви се чинат обични, но тие всушност претставуваат можност да добиете драгоцен увид во она што се случува во неговата глава.
И иако можеби често ви доаѓа на прашањата да одговорите со „не знам“, Рејчел Луго, лиценциран професионален советник на Институтот „Ватсон“ во Питсбург, има подобар совет.

Таа ги поттикнува родителите да го послушаат детето и да му одговорат: „Што мислиш ти?“

– Константното поставување прашања може да биде заморно, меѓутоа, важно е родителите да имаат на ум дека кога детето поставува прашања, тоа им дава увид во неговите мисли и вредности. Одговарајќи на прашањето поставено од детето, родителот создава можност подобро да го запознае своето дете и неговиот внатрешен свет. Би можеле да се изненадите – вели Луго.

Можеби вашето дете вчера се скарало со Петар и има потреба да разговара за тоа. Или е загрижено дека Петар си игра со друго другарче, а не со него. А, сепак, можеби само сте поминале пред куќата на Петар кога сте се враќале од продавница. Без оглед за што се работи, вашиот интерес за разговор му покажува на детето дека ви е важен неговиот поглед на светот. Затоа, не занемарувајте го.
Дополнително, Луго вели дека е важно родителите да ги искористат тие ситни пригоди за да градат однос со детето и да го научат на вредности низ сопствените прашања.



912

X