Здравје

Како да ја задоволите дневната доза на витамин Ц кај децата?

За да може детскиот организам да се развива и да расте правилно, потребни му се сите хранливи материи, од макронутритиенти, како што е доволен внес на протеини, до микронутритиенти, како што се витамини и минерали.

Со други зборови, за децата да развијат силни коски и силен имунитет и да се спречат разни метаболички нарушувања од дебелина до дијабетес, потребна им е правилна исхрана приспособена на нивната возраст.

Иако не можеме конкретно да посочиме кои витамини се најдобри за децата, бидејќи сите се важни, сепак ќе посочиме зошто витаминот Ц е важен за децата. Најпрво, да го запознаеме овој есенцијален витамин растворлив во вода, односно витамин кој мора да го внесуваме преку исхраната бидејќи нашето тело не може да го произведе.

Витамин Ц за деца – кои се последиците од недостигот?

Најдобри витамини за децата се оние што доаѓаат по природен пат, односно преку храната. Така, дневната доза на витамин Ц е неопходна за децата преку свежото овошје и зеленчук. Тој е најдобриот витамин Ц за децата.

Зошто витаминот Ц е толку важен?

– спречува оштетување на ткивото;

– помага да се создаде колаген важен за забите и коските;

– промовира апсорпција на железо, заштитувајќи го од оксидација;

– ја стимулира работата на белите крвни зрнца во одбраната на организмот;

– има антихистаминско дејство, помага при алергии;

– дејствува како антиоксиданс во борбата против слободните радикали и реактивните молекули;

– важен е за енергетскиот метаболизам;

– ја враќа намалената форма на витамин Е.

Последиците од недостиг на витамин Ц во организмот се:

  • крвавење на непцата и клатење на забите;
  • формирање наслојки во артериите;
  • пукање на капилари;
  • проблеми со кожата – лупење, формирање на пигментација;
  • бавно зараснување на раните;
  • отсуство на поделба на коските и склоност кон фрактури;
  • анемија;
  • склоност кон инфекции.

Горенаведените симптоми и последици обично се ретки, а недостигот на витамин Ц може да се почувствува и преку замор, чести настинки и слично. Со оглед на тоа што дојде сезоната на настинки и грип, улогата на витаминот Ц е прилично важна:

  • работи на деактивирање на хистаминот одговорен за назална конгестија;
  • го намалува времетраењето и интензитетот на настинките.

Важно е да знаете дека витаминот Ц не дејствува превентивно против настинки, но е важен во закрепнувањето од настинката.

Во одредени и специфични ситуации, потребата за витамин Ц се зголемува:

  • при стрес;
  • кај инфекции;
  • при заздравување на рани и изгореници;
  • кај пушачите и изложеноста на чад од тутун;
  • кога се изложени на тешки метали;
  • во случај на земање одредени лекови како аспирин.

Витамин Ц во исхраната

Ова е храната што изобилува со витамин Ц:

  • цитруси (лимон, лимета, портокал, киви, мандарина);
  • калинка;
  • jагоди;
  • ананас;
  • бобинки;
  • кисела зелка;
  • бибер;
  • брокула;
  • кељ;
  • компир.

За да се искористи витаминот Ц од свежото овошје и зеленчук, потребно е да се консумираат свежи (освен компирите) и што е можно поскоро по нивното купување или берење. Имено, витаминот Ц е чувствителен витамин чија количина во храната се намалува поради:

  • чувствителност на топлина;
  • чувствителност на светлина;
  • чувствителност на неправилно складирање;
  • чувствителност на стоење подолго време;
  • растворливост во вода.

За да спречите губење на витамин Ц во храната, чувајте ги овошјето и зеленчукот богати со витамин Ц на темно и студено место, по можност во херметички затворени садови за да спречите оксидација на витаминот Ц. Затоа најдобро е овошјето и зеленчукот да се чуваат во фрижидер.

Важно е да се намали количината на вода во која се готви зеленчукот. Користете лимон за салати, бидејќи витаминот Ц од лимонот ќе ја зголеми апсорпцијата на железо од зеленчук, односно од растителни извори. Додавајте сок од лимон во чајот, но откако ќе се олади.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top