Патот на родителството или мајчинството не е еднакво лесен или тежок за секого.

Поврзувањето со бебето не е лесно, ниту пак едноставно. Поврзувањето не се случува веднаш за некои родители. Но, за среќа, постојат мали секојдневни задоволства кои можат да ви помогнат во ова.

Станува збор за активности што не се ниту заморни ниту здодевни, а постои голема веројатност веќе да ги правите.

Гледајте го бебето в очи – поврзувањето со бебето е најлесно преку очите, бидејќи научно е утврдено дека бебињата секогаш ги бараат очите на мама или тато.

Мирисајте го бебето – мирисот на бебето ги активира центрите во мозокот одговорни за љубов и грижа и го стимулира лачењето на окситоцин – хормонот на љубовта.

Кожа на кожа – со причина бебињата се ставаат на голите гради на мајката по раѓањето и се оставаат така барем еден час. Допирот го стимулира лачењето на хормоните одговорни за доењето и поврзувањето со бебето.

Доење на бебето – секако, доколку можете и имате млеко, затоа што доењето е најлесниот начин за поврзување. Ако не можете, ништо страшно, бидејќи самиот чин на хранење на вашето бебе влијае врз вас и бебето.

Плачот на бебето – и детскиот плач има цел при поврзувањето, затоа што плачењето го активира центарот за нега во мозокот.

Слушајте музика и танцувајте – овој начин на забава со вашето бебе ќе направи чуда за вашата врска!

Бакнувајте го – бакнежите ги создаваат оние ситни секојдневни спомени што ве поврзуваат со вашето бебе.

Носете го бебето – или во носач или в раце бидејќи со носењето создавате нераскинлива врска!

Смејте се – смеењето го ослободува хормонот за добро чувство допамин, кој пак ве прави среќни и двајцата.

Постојано кажувајте му „те сакам“ – дури и ако бебето не ве разбира, сигурно ќе се чувствувате подобро.

Бидете благодарни – за секоја секунда што можете да ја поминете со вашето бебе.

Извор



912

X