Игротека

Креативни фигури од шаблони за јајца

Неверојатно е колку интересни фигури можете да направите со своите дечиња од шаблоните за јајца. Можете да гледате многу такви видеа во кои се објаснува начинот како да се направат фигурите, а не изненадувајте се ако вашите деца смислат сами многу покреативни фигури. Ако изберете да изработите фигури на животни, сигурно ќе смислите десетина такви што ќе ја збогатат вашата колекција на креативни изработки. Ова се 10 предлози кои можете да ги сработите со вашите најмили:

– Пчела, печурка, кит, бубамара, пингвин, жаба, гасеница, желка, патка, зајак…

Сите овие животни се лесни и забавни за изработка, без разлика дали ги сработуваат раце на возрасен човек или раце на дечиња. Можеби дури и ги имате сите потребни алатки и материјали за ова активност. Потребно ви е:

– Шаблони за јајца, маркери во боја, четкичка за боја, водени/темперни боици, четкички за чистење цевчиња, лепило, пластични очиња (Googly eyes), штоф, волнени топчиња, ножици. Пластичните пак, шаблони за јајца може да се користат како садови во кои ќе ја ставите самата боја. Откако ќе ги сработите фигурите, оставете ги да се исушат, а потоа можете да ги именувате и да се создавате ваши приказни со нив. Можностите за игра се бескрајни!

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top