Игротека

Како да го заштитите детето од случајно труење со лекови и други производи

На секои 10 минути бебе или дете во САД е изложено на ризик од труење поради случајно голтање лекови.

Лековите за возрасните како најчеста причина за труење

Најголем дел од несаканите инциденти се поврзани со лекови кои можат да бидат штетни, како лекови за болка, лекови за смирување или спиење и лекови за срцето.

Истражувањата покажуваат дека 1 од 4 баби и дедовци чуваат лекови на места достапни за мали деца, особено во кутии за дневни дози што децата лесно можат да ги отворат. Важно е родителите, бабите и дедовците и сите што се грижат за мали деца да проверуваат дали лековите се чуваат на места недостапни за деца.

Неправилната доза може да предизвика сериозни проблеми. Понекогаш родителите случајно даваат прекумерна доза ако не сфатат дека состојки како ацетаминофен се присутни во повеќе лекови. На пример, ако давате лек за кашлица и лек за настинка, можете случајно да ја удвоите дозата против болка, што може да им наштети на децата.

Секогаш давајте точна доза според тежината на детето и никогаш не давајте повеќе лекови од препорачаниот број дози во 24 часа.

Симптоми на случајно труење може да бидат:

  • Ако бебето го најдете покрај отворено шише со лекови;
  • Бебето или детето почнува неконтролирано да кашла додека чистите, особено ако користите повеќе средства за чистење истовремено.

Најчести извори на труење кај деца

  • Козметика и средства за лична нега;
  • Средства за чистење;
  • Лекови против болка, лекови за намалување на температура и лекови издадени на рецепт;
  • Термометри, батерии;
  • Растенија;
  • Производи за нега, препарати за акни и антисептици;
  • Лекови за настинка и кашлица;
  • Пестициди;
  • Витамини;
  • Лекови за стомак и гасови;
  • Антихистамини
  • Течни горива (керозин, бензин, течност за запалки).

Извор

Поврзани написи

To top