Марио Петров, оптометрист

Марио Петров, оптометрист

веб: www.optometrija.mk

Повеќе од авторот

Ако вашето дете одбие да носи очила, прво проверете дали очилата се правилно изработени. Ако се точно изработени, обидете се позитивно да го поддржите детето и објаснете му зошто е важно да ги носи очилата

Успешната посета на офталмолог е само еден дел од борбата за подобрување на видот на вашето дете. Да се убеди детето да ги носи пропишаните очила е вториот и веројатно најтешкиот дел.
Еве неколку предлози што ќе ви помогнат да пронајдете соодветни очила за вашето дете, а со тоа ќе му помогнете да се навикне на секојдневно носење.

– Осигурете се дека рамката е соодветна за вашето дете. Рамката треба да се вклопи правилно, без да предизвика стегање на ушите или на носот, или да го затега лицето. Периодично проверувајте ги деловите што се допираат на кожата за да бидете сигурни дека нема појава на иритација на кожата.

– Осигурете се дека очилата се изработени правилно. Ако вашето дете гледа преку очилата или се жали дека не гледа добро со нив, тоа може да биде предизвикано од неправилно препишана диоптрија. Ако не сте сигурни за точноста на диоптријата, однесете го детето на контрола кај офталмолог.

– Почнете постепено. Нека ги носи очила по неколку часа на ден на почетокот. Потоа постепено зголемувајте го времето на носење на очилата.

– Носењето на очилата треба да биде рутина. Ставањето и вадењето на очилата треба да биде секојдневна рутина. Поттикнете го вашето дете да ги стави во утринските часови кога се облекува и да ги извади вечерта пред да легне.

– Поддржувајте го додека ги носи очилата.

Што да правам ако одбие да носи очила?

Ако вашето дете одбие да носи очила, прво проверете дали очилата се правилно изработени. Ако се точно изработени, обидете се позитивно да го поддржите детето и објаснете му зошто е важно да ги носи очилата.

Што да правам ако спортува?

Повеќето повреди може да се спречат ако се носи соодветна заштита за очи. Заштитните очила може да бидат со диоптриски леќи направени според рецепт. Децата треба да ги носат овие заштитни очила наместо класичните диоптриски очила ако се занимаваат со следниве спортови:
-Кошарка
-Фудбал
-Ракомет
-Карате
-Тенис

Вашето дете може прво да одбива да носи заштитни очила, особено ако никој од соиграчите не носи. Некои од начините за убедување на детето е да му дозволите да го избере стилот на очилата.



912

X