Летните горештини понекогаш се многу тешки за бебињата и малите деца, па по цел ден се нервозни и не можат да спијат… Тоа е кошмар и за родителите, кои не знаат како да им помогнат на своите малечки, но за среќа постои трик за разладување на бебињата и децата.

Експертот за родителство Кирсти Даглас открива дека најдобриот начин да го разладите вашето бебе е да го оставите голо, односно само по пелена.

-Контактот кожа на кожа им помага на бебињата да ја регулираат температурата во согласност со онаа на мајката за да им биде поудобно – вели Даглас.

Таа истакнува дека можете да го разладите бебето и така што ќе ја наводените пелената, а потоа ќе ја поминете преку кожата на детето, фокусирајќи се особено на задниот дел од вратот.

-Мократа памучна пелена е одлична замена за ладна обвивка, особено ако сте надвор, бидејќи можете да ја навлажните со вода. Доколку го користите овој трик на бебиња помали од шест месеци, погрижете се водата да не е од фрижидер и да не е премногу ладна, бидејќи нивната кожа е нежна и почувствителна на температурни промени – истакнала Даглас.

Кога станува збор за постарите деца, експертот за родителство вели дека најдобар начин да ги разладите е да ги оставите да лижат мраз на стапче или наместо вода, на стапче можете да замрзнете многу разреден овошен сок.

Нејзиниот совет, сепак, е овие овошни сладоледи да му ги давате на детето само за време на ручек и да внимавате потоа да му ги измиете забите.

-Доколку немате време да го направите овој сладолед, друга опција е да го искористите она што веќе го имате – ставете некоја тропалка за гризење во фрижидер и изладете ја пред да му ја дадете на бебето да ја грицка – советува Даглас, додавајќи дека овој трик ќе помогне да се оладат дури и децата чии заби веќе не растат.

Извор



912

X