Здравје

Како да го препознаете коксаки вирусот?

Според објаснувањата на педијатарот д-р Саша Милиќевиќ, овој вирус, кој е познат и како болест на рацете, нозете и устата, обично исчезнува сам по себе, но понекогаш може да биде многу подмолен бидејќи ги уништува клетките и може да доведе до застој на работата на срцето.

-Се населува во телото и се спојува со клетките, што буквално ги уништува. Во некои случаи може да предизвика нарушување на срцевиот ритам, а понекогаш да доведе до застој на работата на срцето. Обично ги напаѓа децата со ослабен имунитет и најчесто не дава никакви симптоми. Дури и ако се појави некој симптом, од типот нарушување на срцевиот ритам, децата не знаат како да го препознаат – објаснува д-р Милиќевиќ.

Овој вирус најчесто се јавува кај деца од предучилишна возраст, ги погодува децата од две или три години, иако тоа не значи дека не може да се појави и кај постари деца.

Симптоми

Периодот на инкубација за овој вирус е 3-5 дена, односно симптомите се појавуваат 3-5 дена по контактот со вирусот.

-Коксаки вирусот обично започнува со премаленост и температура, лоша општа состојба и одбивање јадење.
-Може да се појават и главоболка, болно грло и кашеста столица.
-По еден до два дена се појавува карактеристичен исип сличен на плускавци, најчесто околу и во устата, на дланките и на табаните.
-Исипот не мора да биде исклучиво на устата, рацете и стапалата, туку може да се појави и на други делови од телото, како што се колената.
Раните што произлегуваат од овој исип можат да бидат многу болни и да ги попречат јадењето и спиењето на детето.

Третман

Овој вирус изгледа доста страшно, но обично не е опасен за децата, иако, како и секоја инфекција, може да доведе до некои компликации.

Што се однесува до третманот, тој е претежно симптоматски, т.е. се даваат лекови за намалување на температурата, а се препорачува одмор и изолација. Во случај на сомневање за инфекција на рани или исипи, важно е да се контактира лекар, кој во тој случај препишува антибиотска маст. Исто така, доколку детето има и кашлица, се препорачува да се консултира лекар бидејќи тоа може да укажува на дополнителна, бактериска инфекција.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top