Детето што нема да научи добро да го прифаќа поразот ќе има проблеми да се дружи и ќе биде фрустрирано од неуспесите. Еве неколку начини на кои можете да го ублажите неуспехот:

Играјте на картата на емпатијата на детето

Детето почнува да ја развива способноста да се стави на туѓо место. Може да разбере дека може да ги повреди чувствата на децата со кои си играло ако се налути кога не победува. Прашајте го вашето дете како би се чувствувало ако некој се налути кога тоа ќе направи нешто на што самото се гордее. Објаснете му на детето дека е во ред да биде тажно затоа што изгубило, но дека треба да се труди да не ги повредува другите поради тоа.

Играјте тимски игри

Неконкурентните игри ги елиминираат победите и загубите како категорија и му помагаат на детето да научи како да стане тимски играч. Како што растат децата, ќе треба да играат во тим и да постигнат заедничка цел, а тимските игри се одличен почеток за навикнување на тоа.

Ставете акцент на напорот, вештината и забавата

Објаснете му на детето дека не е важно дали ќе победи или изгуби, туку е важно како игра. Ваша задача е да го натерате детето да го разбере ова. Кога си игра со други деца, не прашувајте го детето дали победило, туку прашајте го дали добро се забавувало. Пофалете го за тоа што го направило добро. Колку повеќе го насочувате вашето дете да размислува како да ги развие своите способности, без оглед на резултатот, толку помалку важна ќе биде победата.

Научете го вашето дете како добро да победува и добро да губи

Покажете му што значи да се биде добар победник и добар губитник. Кажете му дека победниците не се фалат со својата победа и се потсмеваат на способностите на губитниците. Изгледа тешко, но детето никогаш нема да ја совлада оваа вештина освен ако не вежба. Најважно од сè, не дозволувајте вашето дете да види дека тешко го доживувате поразот. Секогаш честитајте му на победникот.

Ако детето редовно лошо го прифаќа поразот, можеби ќе треба целосно да го повлечете од натпреварувачката игра. Насочете го на други области каде што ќе се чувствува добро. Научете го вашето дете дека грешките се во ред и не реагирајте остро кога ќе згреши. На пример, наместо да се лутите поради лошата оценка во училиште, разговарајте со вашето дете и објаснете му како може да ја поправи. Ќе видите напредок со текот на времето.

Извор



912

X