Воспитување

Како да го наградите вашето дете, а да не се тоа играчки и чоколади

Колку пати сте го наградиле вашето дете кога успешно го користело нокширчето или сте му купиле играчка зашто било храбро кога примило вакцина? Да се соочиме: чоколадите и играчките се лесен начин да ги наградиме нашите деца со нешто за кое знаеме дека ќе уживаат. Но, постојат и други начини преку кои може да се поттикне детето.

Кира Џонсон, наставничка и мајка на четири деца, на нејзиниот инстаграм-профил сподели интересни работи со кои ги наградува своите деца, со тоа што не се играчки или чоколади, а потоа додаде уште два примери.

– Наградите не мора да се играчки или чоколади. Исто така, не мора да чинат илјадници долари. Наградите можат да бидат сето она што е мотивирачко за вашето дете. Ова е одличен период да се позанимавате со нивните хобија и интереси. Мојот 8-годишен син предложи специјална бања како награда – вели таа.

– Ако купувањето играчка од 5 долари функционира за вас, тоа е одлично. Но, внимавајте она што го трошите да не го надмине однесувањето. Ако му купите лего-комплет од 100 долари затоа што помогнало и ја наполнило машината за садови, како ќе продолжите да го мотивирате за некоја понапорна работа? – советува таа.

Во видеото таа препорачува награди како што е бања со меурчиња, детето да избере што ќе вечерате, семеен филм или некоја игра со родителите, привремена боја на коса, останување до доцна или пешачење навечер.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top