Тешко е да се приготвува ручек во мир ако на децата им е досадно. Една мајка смислила одлични активности за најмалите. Прочитајте за следните пет активности со кои децата ќе бидат зафатени додека вие сте во кујната и ги завршувате обврските:
– Вметнување пом-пом топчиња низ цевки залепени за ѕид или кујнските елементи – кои се во висина на детето.
– Ослободување на играчките залепени со селотејп на ѕид.
– Лепење различни парчиња самолеплива хартија на просторот што сте го одредиле за тоа.
– Цртање на означени места за тоа – залепена хартија за елементи, фрижидер или ѕид каде што децата можат слободно да цртаат.
– Редење магнети на фрижидерот – секако меѓу најомилените активности на сите деца кога се во кујната.
Автор: Сандра Крстановиќ
912