Воспитување

Како да ги спречите судирите со свекрвата пред празниците

Семејството не можете да го изберете. Но, можете да се обидете да научите подобро да се однесувате со нив. Празниците се време кога напнатоста, кавгите и стресот избиваат на површина. Повеќе од 60 отсто од жените се пожалиле дека односите помеѓу нив и свекрвата ескалираат токму за време на празниците.

Кога неговата мајка ќе упати критика или негативен коментар, без разлика дали се работи за најбанални ситници, кажете ѝ дека е во право. Тоа ќе ја изненади. Наместо да влегувате во дискусии, да се оправдувате или да се браните, едноставно согласете се со неа, тргнете си ги мислите и ќе го отстраните поводот за секоја понатамошна кавга. Исто така, не дозволувајте поради нејзините зборови да настрада вашиот партнер, бидејќи тој не може да биде одговорен за однесувањето и коментарите на своите родители.

Договорете таен знак со сопругот

За работите да не ескалираат и за да спречите кавга, пред блиската средба со семејството, направете мал договор со партнерот. Предупредете го на оние ситуации во кои имате краток фитиљ и кои лесно може да ве извадат од такт. Договорете со него таен знак, како лесно кашлање, или допирање некој дел од телото, како нос, уво или уста, со кој ќе го предупредите кога ќе почувствувате дека не можете веќе да издржите, дека работите излегле од контрола и дека би можеле да експлодираат и дека е време на сцена да настапи тој. Со таков вид заеднички договор му давате шанса да ве одвои од неговата мајка и да спречи можен судир. Најважно е да се фокусирате на тоа празниците да ги поминете со својот партнер и да се потрудите да доживеете незаборавни моменти. Ако не ги поставите така работите однапред, ќе ги зголемите шансите да дојде до непријатни ситуации.

Не одиме кај твоите, одиме во планина…

Истражувањата покажале дека ако вашите разлики постојано ви се на ум, ако непрестајно размислувате за тоа колку и вие и партнерот сте различни, разликите со текот на времето ќе станат непремостливи. Најважно е, особено во стресни ситуации, да си се посветите еден на друг. Заборавените хобија и заеднички интереси нека бидат во планот за вашите заеднички празници. Вратете се на некои стари ритуали и романтични моменти.

Нека биде само ваш ден

Ако ви пречи кога ви приговара дека премногу работите, а од друга страна вие очекувате бонус со кој полесно ќе ги покриете трошоците, разговарајте со него. Потсетете го зошто го правите тоа. Проблемот можете да го избегнете така што ќе пронајдете време во распоредот кое ќе го поминете со партнерот, па нека биде тоа време во кое двајцата ќе се чувствувате добро и ќе го правите она што го сакате.

Вдиши, изброј, издиши

Кога ќе почувствувате дека не можете да се контролирате, кога ќе ве извадат од такт и чувствувате дека не можете никако да се спротивставите на чувствата како лутина и напнатост, застанете за момент, па запрашајте се дали сте лути баш навистина на него или општо сте под стрес. Ублажете ја состојбата во која се наоѓате, смирете ги негативните емоции така што 5 пати полека ќе вдишувате броејќи до 5 и ќе издишете броејќи до 8… Повторете го тоа неколку пати за да се смирите.

Автор: Ема Михановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top