Развојот на фината моторика е тесно поврзан со когнитивниот развој и честопати родителите кои имаат дечиња со развојно доцнење, првите сомнежи дека нешто се случува со нивното дете ги добиле токму поради фактот што тоа немало функционална употреба на фината моторика (не ги користело рачињата за игра и истражување како неговите врсници)
Мускулите на прстите се дел од групата мали мускули, или фина моторика, а резултатите од нивната активност се нарекуваат фини моторни вештини.
Развиеноста на оваа мускулна група е еднакво важна како и развиеноста на групата големи мускули на телото, чиј ефект се гледа во одржувањето и менувањето на позициите на телото (тркалање, седење, одење….)
Зошто е важно да ги стимулираме и развиваме малите мускули? Бидејќи секојдневните активности, грижата за себе и другите, како и стекнувањето образовни вештини во голема мера се базираат на нив.
Возраста од 2-3 години на родителите им изгледа дека е многу далеку од училишната возраст и дека со самото растење на детето ќе се развијат и образовните вештини. Согласно тоа, детето не треба да е посебно стимулирано да ги развива истите. И ако зборуваме конкретно за пишување букви, како пример, ова е сосема точно. Меѓутоа, подготовката за пишување започнува многу порано и нема никаква очигледна поврзаност со самиот процес на пишување.
Развојот на фината моторика е тесно поврзан со когнитивниот развој и честопати родителите кои имаат дечиња со развојно доцнење, првите сомнежи дека нешто се случува со нивното дете ги добиле токму поради фактот што тоа немало функционална употреба на фината моторика (не ги користело рачињата за игра и истражување како неговите врсници).
Што вообичаено можат да прават децата со рацете помеѓу втората и третата година?
– Почесто ја користат доминантната рака
– Користат виљушка за јадење
– Вртат по една страница од сликовница
– Боицата ја држат со палец и прсти
– Прецртуваат круг и крст
– Нижат перли со средна големина
– Конструираат 3Д-форми од коцки со жлебови (големи лего-коцки)
– Градат кула од коцки без жлебови (до 9 коцки)
– Со помош успеваат еднаш да пресечат со ножици
– Успеваат да облечат некои делови од гардероба (со помош) и да закопчаат и откопчаат големи копчиња
– Превиткуваат лист хартија
Меѓутоа, подготовката за пишување започнува многу порано и нема никаква очигледна поврзаност со самиот процес на пишување.
Овие вештини не се стекнуваат со раѓање, туку на децата треба да им се создадат ситуации во кои тие ќе стекнуваат искуства и ќе ги развиваат. Оттаму, не можеме да кажеме дека едно детенце доцни во развојот ако не јаде со виљушка или не знае ни со помош да облече панталони, доколку родителите цело време го прават тоа наместо него. Детето едноставно нема искуство, не научило како да го прави тоа само.
Меѓутоа, постојат јасни знаци кои укажуваат дека постои развојно доцнење и на тие треба посебно да се внимава.
Доколку детето до крајот од третата година:
– Не успева да нареди кула од 2-3 коцки
– Боицата ја држи со цела дланка
– Не успева да повлече линија со боица
– Фатот му е слаб, а движењата се крути или со прекини (не се слеани)
Во овие случаи родителите треба да се обратат на службите од развојните центри за процена на состојбата на нивното дете.
Како да го стимулираме развојот на фината моторика
На возраст од 2 до 3 години првиот и главен одговор е – преку игра
– Игри со цврсто тесто или пластелин
– Игри со сунѓер и вода
– Конструктивни игри (коцки, дрвени материјали, камчиња, пластични кутии….)
– Самостојно јадење (со прсти, со прибор)
– Сортирање на мали предмети
– Цртање, боење
– Игри со штипки за алишта
– Вклучување на детето во секојдневните обврски во домот
(сите активности што вклучуваат употреба на мали предмети кои се потенцијална опасност за детето, да бидат изведувани исклучиво под надзор на возрасен).
912