Децата реагираат многу бурно кога не знаат како да се справат со моменталните емоции, а тоа е невозможно да се избегне. Но, она што можеме да го направиме е да ги научиме со текот на времето да реагираат смирено и рационално во непознати ситуации. Првиот начин е дефинитивно да ги научите преку свој пример. Многупати ние самите реагираме премногу бурно на некои ситуации и треба да имаме на ум дека децата сето тоа го гледаат и го апсорбираат. Ниту еден родител не сака неговото дете да се лути поради ситници.

Еве што можете да направите:

Препознајте ги вашите предизвикувачи

Ако сакаме да ги научиме децата да реагираат смирено и рационално, прво треба да се научиме и себеси на истото. Овој чекор бара да се надминете себеси и да се вооружите со огромно трпение, но сакате да создадете помирна и побезбедна средина за вашето дете да расте, нели?

Остро реагирајте кога постапките на детето можат да бидат опасни и важно е да сфати дека не смее да ги повторува, туку да биде многу понежно кога станува збор за малите нешта, кои лесно може да се поправат. Не сакате детето да се плаши да се извалка бидејќи вие ќе се налутите, па на овој начин ќе блокирате многу емоции и многу радости кои детето може да ги доживее токму преку релаксација.

Бидете мирни дури и кога не сте!

Секој што има деца ќе се најде во ситуација кога најлесно би било да вреска, но со тоа ништо не се постигнува. Обидете се да останете смирени дури и кога вриете бидејќи само така детето ќе научи дека не е прифатливо да врескате секогаш кога нешто ќе ве исфрли од колосек. Вашето молчење во предизвикувачки моменти е многу подобро отколку да го испуштите гневот и да го исплашите вашето дете во тој процес. Кога ќе се смирите, објаснете му на детето зошто одредени постапки се погрешни и зошто не треба да го прави тоа.

Одржувајте рамнотежа во победите и поразите на вашето дете

Ако вашето дете е сведок на многу интензивни реакции кога ќе успее во нешто, ќе му биде уште потешко кога нема да успее, а реакцијата ја нема. Бидете умерени и кога губите и кога победувате бидејќи само така можете да го спречите детето да ги поврзе своите успеси со „заслужената“ љубов. Колку се поурамнотежени вашите реакции, толку подобри ќе бидат лекциите што ќе му ги дадете на вашето дете, а детето ќе биде емоционално постабилно.

Признајте си ги грешките, но не казнувајте се за нив

Наместо да се налутите на себеси кога нешто не правите како што треба, едноставно кажете јасно и гласно: „Ова не беше во ред, згрешив и ќе постапам подобро следниот пат!“ Не можете ни да замислите колку е здрав овој став за вас, а уште повеќе за децата кои ве гледаат и учат дека грешките се составен дел од животот и секогаш можат да се случат. Наместо тага и драма, треба да бидеме свесни за грешката и да се трудиме да не ја повториме.

Дали успевате да останете смирени кога вашата природна реакција би била само да имате желба да врескате? Која е вашата тајна?

Извор



912

X