Истражување направено врз 17.000 луѓе покажува дека читањето за забава не само што ги подобрува книжевните способности туку и математичките.
Сите знаат дека бистрите деца сакаат да читаат за задоволство. Но дали ова читање за забава ја зголемува стапката на учењето кај децата? Ова е прашање кое Мет Браун го постави преку истражувањето кое ги следело животите на повеќе 17.000 луѓе родени во една недела во 1970 година, во Англија, Шкотска и Велс.
На секои неколку години биле интервјуирани учесниците со цел, да се следат различните аспекти од нивните животи, од образование и вработување до физичко и ментално здравје – пристап кој дозволува да се виде што влијае врз развојот на една личност во подолг период.
Од 17.000 учесници, 6.000 направиле неколку когнитивни тестови на возраст од 16 години. Во истражувањето биле споредувани деца од истата социјална позадина кои покажале слични способности на возраст од 10 години и откриле дека оние кои почесто читале книги на возраст од 10 години и повеќе од еднаш неделно на 16 годишна возраст имале повисоки резултати од оние кои читале помалку.
Со други зборови, читањето за забава се поврзува со одличен интелектуален напредок, и во вокабулар, и спелување и математика.
Јасно е дека читањето ги запознава децата со нови зборови, па така се очекува и поврзаност помеѓу читањето за задоволство и развојот на вокабулар. Меѓутоа поврзаноста помеѓу читањето за забава и напредувањето во математиката се поизненадувачки. Заедно со учењето на нов вокабулар, им помага да разберат и да апсорбираат нови информации и концепти на училиште.
Некои луѓе се загрижени дека младите луѓе денес читаат помалку во нивното слободно време отколку претходните генерации. Ова особено загрижува бидејќи истражување сугерира дека доколку не читаат, кај децата може да се развие негативен ефект врз интелектуалниот развој.
Друго прашање кое било поставено со истражувањето било дали ефектите на читањето за забава продолжуваат и на поголема возраст. Наскоро ќе се дознае и тоа, благодарение токму на овие 16.000 учесници кои повторно биле интервјуирани во 2012 година на 42 годишна возраст.
Истражувањето ќе продолжи да ги следи и понатаму, па така ќе може да заклучи дали читањето ги штити против когнитивниот пад.
912