Игротека

Како биле воспитувани луѓето што го променија светот

Стив Џобс, Џеки Чен, Коко Шанел, Бил Гејтс – овие луѓе направија револуција во своите области и нивното влијание врз нашите животи е огромно. Како им поминало детството на овие истакнати личности и како се воспитувани?

Стив Џобс

Пионерот во ИТ-технологијата, основачот на „Епл“, Стив Џобс, беше посвоено дете. Неговите родители Пол и Клара Џобс направиле сè за малиот Стив да се чувствува сакано. Иако кога растел бил многу палав, неговите родители секогаш се придржувале на три основни правила за воспитување.
Прво правило: Секогаш кажувај му ја вистината на детето.

– Моите родители никогаш не го криеја моето потекло од мене. Кога имав шест години ѝ раскажав на една девојка од соседството, а таа ми рече: „Значи твоите вистински родители не те сакале?“ Тие зборови многу ме повредија, но тогаш дојде мојата мајка и гледајќи ме в очи ми рече: „Ти си посебно момче и ние сме твоето вистинско семејство“.

Второ правило – секогаш поддржувај ги интересите на детето и запознај го со она што ти го сакаш. Така, Пол го заинтересирал Стив за електроника, заедно собирале и поправале телевизори, радио и други елементи во домаќинството.

Трето правило – не забранувај му на детето да се дружи со некој колку и да ви изгледа тој чудно. Родителите на Стив не се противеле кога тој почнал да се дружи со Стивен Возниак, кој бил луд по компјутери и бил пет години постар од Стив. Тоа пријателство го вовело Стив во ИТ-светот.

Џеки Чен – кога еден ќе погреши, сите се казнети

Актер, режисер, каскадер, пејач, предавач на Универзитетот во Хонг Конг, амбасадор на добрата волја на УНЕСКО, голем добротвор и идол на милиони – сето ова е Џеки Чен. Како ова го постигне едно момче на кинески бегалци?
Семејството му било на работ на сиромаштијата. Кога Џеки се родил, татко му морал да позајми пари за да му плати на акушерот. Но неговите родители не се предавале, работеле сè, а синот ја апсорбирал нивната волја за победа.
Тој не го сакал училиштето, но кога татко му го прашал дали сака да го напушти, Џеки категорично одбил бидејќи знаел дека тоа е шанса да „комуницира со светот“. И не погрешил, на осум години ја добил својата прва филмска улога.
Сето богатство Џеки Чен го дава во добротворни цели.

– Ако мојот син вреди нешто, ќе успее – објаснува Чен.

Коко Шанел: сурови дневни распореди и забрани

Легендарната Коко пораснала во големо семејство и често била препуштана сама на себе. Кога имала дванаесет години, нејзината мајка починала. Татко ѝ ги испратил синовите да работат на фарма, а ќерките во сиропиталиште во манастир.
Животот во сиропиталиштето го обликувал нејзиниот карактер: суровиот дневен распоред и многубројните забрани засекогаш ѝ всадиле бунт против непријатните, општоприфатени правила.

Коко Шанел подоцна изјавила:
– Осаменоста во детството ме натера да бидам силна личност.

Во својата раскошна вила направила прецизна копија од манастирските скали – за никој да не и забранува да трча по нив.

Бил Гејтс:  влијателни родители – влијателен син

Компјутерскиот гигант Бил Гејтс, основач на компанијата „Мајкрософт“, е роден во многу успешна фамилија. Долга е листата со неговите познати и влијателни роднини. Тој ги имал сите услови да биде разгален, но сепак не станал таков.
Во училиштето не го сфаќале сериозно. Единствено математиката му одела од рака. Препознавајќи ја оваа склоност кај него, мајката му помогнала да се опреми неговото училиште со компјутерски терминал, па Бил и неговите пријатели влегоа во интересен свет на програмирање.
Бил Гејтс вели:

– Односот на моите родители кон мене отсекогаш бил идеален: постојано разговаравме, сите заедно работеа. Тоа беше вистинскиот тим. И замислував дека и јас еден ден ќе имам нешто така магично. Тој има сопруга и три деца со кој гради однос полн со доверба.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top