Не се смета секаде за роденден оној ден кога детето дошло на свет, ниту кога било зачнато, туку моментот кога било во мислите на мајката. Така работите стојат кај едно африканско племе. Кога жената ќе одлучи да се реализира во улогата на мајка, таа седи под дрво, сама, сè додека не ја чуе песната на детето што сака да дојде. Тогаш се враќа мажот кој ќе биде татко и таа го учи на песната, која заедно ја пеат додека водат љубов, како начин да го повикаат детето.
Кога ќе забремени, мајката ги учи бабиците и другите постари жени во селото да ја пеат песната. Ако детето некогаш падне или си го повреди коленото, некој ќе го подигне и ќе му ја испее песната. Во случај да направи некое зло или неприфатлив општествен чин, го викаат и го ставаат во средината и сите луѓе од заедницата го опкружуваат. Потоа му ја пеат песната за да се покае.
– Се претпоставува дека горенаведената приказна потекнува од легенда. Терапевтот, едукатор и активист Аида Мандулеј се обидувала да ги открие корените на приказната.
Таа долго време пребарувала и открила дека приказната била преведена на шпански и на португалски, а има и неколку други имиња: „Вашата песна“, „Песната на луѓето“, „Запомнете ја вашата песна“, „Песната на душата“ итн.
Понатаму, таа открила дека некои луѓе не се ни обидуваат да ја поврзат приказната со личност и велат дека традицијата доаѓа од Намибија. Други сметаат дека нејзините корени се од луѓето Химба, иако локацијата на ова племе е на суво подрачје и нема џунгла како што се споменува во приказната. Други корисници на интернетот ја поврзуваат приказната со племето Убунту.
912