Петгодишната Вера Томова од Скопје ја обожава Биби. Со нетрпение ја очекува секоја нејзина нова сказна. На своите помали братче и сестричка навечер пред спиење им ја раскажува нејзината омилена „Биби и џиновите“. Слушнете како им ја раскажува и на другарчињата од нејзината градинка.

– Вера е умнo девојче, исто како Биби. Таа има помало братче Јован и сестричка Борјана. Затоа што пред спиење не дозволуваме да има електронски апарати во нивната соба, Вера им раскажува приказни, а „Биби и џиновите“ ѝ е омилена. Можам да ви кажам дека Биби е нашиот шести член дома. Проектот го сакаме бидејќи е наш, македонски и е олицетворение на денешните современи генерации. Биби зборува чисто, има убав речник, јасна дикција и е воспитано паметно детенце. Секое дете би се идентификувало со неа. Концептите во приказните се со јасна порака, лесни за следење и со сите карактеристики на еден краток филм/приказна. И должината на сказните им е онолку колку што тие можат да восприемат, а да не им здосади – вели мајка ѝ Елена.



912

X