Можете и сами, полесно отколку што мислите, многу прецизно да се информирате за напредувањето на коронавирусот. Ако не им верувате на медиумите, пречесто сте биле измамени и се сомневате во политичките објави на социјални мрежи, ви препорачуваме неколку извори на најсвежи информации.
Да почнеме од домашните институции. Најрелевантните информации на македонски јазик можете да ги најдете на страницата на Министерството за здравство (заедно со профилите на „Твитер“ и „Фејсбук“, како на Министерството така и на министерот Венко Филипче) и на страницата на Институтот за јавно здравје.
Информациите за коронавирус Министерство за здравство ги издвои на посебен дел од страната, која може да ја отворите на овој ЛИНК.
Треба да се напомене и дека по пристигнување на територијата на Македонија и при сомнителни симптоми слични на коронавирусот патниците треба да се пријават на броевите за контакт што се поделени по региони.
⚕️Потсетуваме дека за контакт по пристигнување во територијата на Република Северна Македонија и при сомнителни симптоми налик корона вирусот патниците да се пријават на броевите за контакт кои се поделени во региони: pic.twitter.com/XSU8uEMihs
— Министерство за здравство (@ZdravstvoMK) February 25, 2020
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.
912