Ако некој ме опцуе пред тебе, сине, не стегнувај ги тупаниците, не враќај со иста мера. Знаат слабаците дека синовите на мајките се чувствителни, па ги внесуваат во нивната кал така што удираат по нивните мајки.
А јас тебе за злато те родив, не за туѓиот кал.
Ако некој пред тебе ме навреди, не брани ме со грди зборови и не објаснувај им на свињите дека бисерите не се јадат. Насмевни се со крајот на устата и помини. Така се казнува полусветот.
Ако некој пред тебе ме нападне, сине, немој да ги подметнуваш твоите гради, бидејќи тие се за мене повредни од овие моите, на удари научени, огрубени. Сети се дека мајка ти сто пати го победила животот, голорака убивала чудовишта, никогаш не ја наведнала главата и има со што да се брани.

Сети се дека не е човек сè што е во човечко тело, некои оклопи сокриваат злобен ум, несреќно детство, куп комплекси, омраза кон себе. Само таквите ја пцујат мајката. Само таквите удираат во празно. Само таквите не ја навредуваат твојата, туку сопствената мајка, бидејќи никогаш го немале она што го имаме ние: љубов и поврзаност, доверба и лојалност, храброст и разбирање.
Не дозволувај никој да те заплетка поставувајќи ме мене како камен за сопнување. Насмевни се со краевите на устата и помини.
Јас тебе со песна сум те родила, а не со пцости.
Автор: Јелена Миленковиќ