Игротека

Јас сум паметен, благословен и можам да направам сè! – 3-годишно момче го инспирира интернетот со неговите мотивирачки реченици

За родителите е најважно да ја минимизираат штетата што ја прават додека се родители: сакаат да бидат фер, искрени и правични со нивните деца, да признаат ако направиле нешто погрешно и да ги научат своите деца на вистинските работи во животот преку љубов, разбирање и разговор.

Еден од начините да се воспитаат децата правилно е она што една мајка го учи своето дете, кое кажува мотивирачки пораки додека шета на улица. Имено, додека Алиса и нејзиното 3-годишно синче Ајан пешачеле до училиште, Ајан почнал да го повторува она што Алиса го нарекува негова „утринска мотивација“. Таа објаснува дека на тоа го научила кога имал две години со надеж дека ќе го запомни, сфати и ќе го користи како средство за мотивација кога ќе му биде потребно. Токму затоа и била изненадена кога еден ден, на пат кон училиште, момчето почнало да ги повторува мотивирачките реченици.

– Ме шокира. Наеднаш почна да ги повторува мотивирачките реченици, па го зедов телефонот и го снимив. Горда сум на тоа во каква личност расте – објаснува таа во видеото.

– Јас сум паметен, јас сум благословен, јас можам да направам сè! – вели момчето во видеото.

 

Извор

Поврзани написи

To top