Игротека

Јануари е месец на разводи! Експертите откриваат зошто!

Месец јануари е прогласен за месец на разводи. Причина за ова е токму фактот што голем број судски постапки за развод излегуваат токму во првиот месец од годината.

Експертите веруваат дека ова е така бидејќи луѓето не сакаат да размислуваат на такви болни теми и големи одлуки во текот на празниците.
– Празниците се период кога емоциите се искачуваат на високо ниво, па ако сте несреќни во бракот или му се лутите на партнерот, овој период може да биде пресвртна точка – вели адвокатот за разводи Џејмс Грос за „Хафингтон пост”.

Од друга страна, многу луѓе во декември се маѓепсани од декорациите, светилките, паѓаат под влијание на убава, магична празнична музика, толку многу што веруваат дека сè може да оди на подобро. За жал, штом ќе поминат празниците, ќе се уверат дека биле во право и пред празниците.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top