Во дворот на ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје вчера се одржа симулациска вежба како дел од кампањата „Среќна и безбедна 2020 година во семејно и пријателско дружење“. Кампањата е заедничка соработка на СВР Скопје, сектор превенција и Црвениот крст на Град Скопје.

Целта на симулацијата е зголемување на општата безбедност во текот на новогодишните и божиќните празници и да се упати апел до родителите да работат со своите деца, да укажуваат на последиците, да придонесат за подигање на свеста.

На симулациската вежба во скопското училиште на учениците на реалистичен начин им беа прикажани отсечени прсти и оштетен вид, како и укажување прва помош при вакви повреди.



912

X