Една мајка одлучила да ја казни својата ќерка и својата воспитна метода ја споделила со сите на „Фејсбук“. Сега ја критикува половина свет.
Аманда Мичел од канадската провинција Њуфаунленд и Лабрадор неодамна споделила фотографија на „Фејсбук“ под која дала објаснување како ја казнила својата деветгодишна ќерка Хана. На фотографијата се гледа празна соба во која има само кревет, а на него само неколку парчиња облека. Канаѓанката ја казнила својата ќерка зашто била насилна кон друго девојче во школо.
„Добре дојде во мајчиниот притвор за малолетници, девојче“, напишала Аманда под фотографијата.
Овој пост во меѓувреме е избришан, но во текстот мајката напишала дека за казна нејзината ќерка требало да носи иста облека цела недела, во која била вклучена и антимобинг-маица (додала дека секоја вечер ја перела таа маица додека Хана спиела). Освен тоа, за казна, Хана морала да напише различни изјави по 50 и повеќе пати – на пр. „Нема веќе да лажам“ или „Ќе бидам љубезна со сите“.
Во едно интервју мајката изјавила дека Хана инаку многу убаво се однесува и дека овој инцидент со друга ученичка бил невообичаен, а и дека првин ја прашала ќерката дали постои некој проблем што би можел да го предизвика таквото однесување. Кога заклучила дека нема, одлучила да ја казни.
– Се извинуваше и се каеше. Потоа му напишала писмо на девојчето кон кое била лоша. И уште едно, на својата учителка – вели мајката чиј пост предизвика многубројни реакции. Многумина ја осудуваат зашто сметаат дека нејзините воспитни методи се премногу радикални.
Што мислите вие?