Собранието на денешната седница со двојно мнозинство ги донесе Законот за основно образование и Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Министерот за образование Арбер Адеми изрази задоволство од конструкитвната дебата која се водеше по овој закон. Тој во образложението рече дека во предлог-законот се опфаќаат кредибилни анализи на кредибилни институции како што е ОЕЦД и УНИЦЕФ, а содржи новини коишто се во интерес пред се, на учениците, но и на сите други коишто се инволвирани во воспитно-образовниот процес.

-Сигурно е дека овој предлог-закон го подобрува квалитетот на воспитно-образовниот процес, наставата, зајакнување на вредностите во образованието, во фокус ги има и учениците со посебни образовни потреби, а содржи и новини во однос на организирање на учениците, нивното учество проактивно во создавање политики во училиштата во коишто се запишани и каде што ја следат воспитно-образовната настава, како и во однос на елиминирање на партиско – политички влијанија во образованието. Исто така се предвидува новина и во однос на поддршката која што им се дава на учениците и на родителите во однос на нивната професионална ориентација, наставници за организирање на физичкото образование и спорт, постигнување на професионални стандарди коишто ќе треба да ги постигнат учениците при секој период на нивното образование. Исто така, новини има и во однос на квалитетот на исхраната, нутритивните аспекти и многу други новини. Имајќи ја предвид целата конструктивна расправа која што ја имавме овие денови, посакувам сите пратеници да дадат зелено светло како што и доликува да се донесуваат сите закони од областа на образованието – рече Адеми.

Пратеникот Ферид Мухиќ силно го поддржа предлог законот, бидејќи според него, образованието го носи иднетитиетот на еден народ, а ја поддржа и инклузивноста во образованието.
-Целосната инклузивноист не е реализирана никаде во светот, но идејата е таа и треба да се поддржи и треба да одиме во тој правец – рече Мухиќ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, рече дека од партијата одлучиле по ова решение да гласаат воздржано за да имаат чиста совест, за аномалиите од законот да паднат, како што рече, на терет на СДСМ.

-Остануваат стресовите на децата преку државното тестирање. Џабе ветувањето дека екстерното тестирање било габаритно и товар за децата и за родителите, сега имамме државно тестирање. Остануваат заменските наставници, останува ограничувањето во правото на синдикалното организирање. Останаа сите оние работи за кои СДСМ ветуваше дека првиот ден по победата ќе бидат отргнати – рече Стевананџија.

Без расправа беше донесен Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта.



912

X