Воспитување

Истражување: Луѓето без деца се еднакво среќни на 70 години како и оние со деца

Сѐ повеќе возрасни луѓе избираат да немаат деца. Нова студија на Истражувачкиот центар „Пју“ покажала дека 57% од возрасните Американци помлади од 50 години велат оти веројатно никогаш нема да имаат деца затоа што едноставно не сакаат. Од друга страна, 31% од оние над 50 години што никогаш немале деца ја наведуваат истата причина.

Нивните причини се различни и варираат од финансиска нестабилност до загриженост за состојбата во светот. Иако често им се кажува дека ќе бидат осамени кога ќе остарат и дека никогаш нема да ја разберат среќата и исполнетоста што ги носат децата, едно неодамнешно истражување покажало дека оние што ќе одлучат да живеат без деца нема да зажалат за одлуката.

Институтот за јавна политика и социјални истражувања на Државниот универзитет во Мичиген проучувал илјада волонтери. Се покажало дека испитаниците на возраст од 70 години што имаат деца и оние што немаат се еднакво задоволни од својот живот.

– На луѓето без деца, особено на жените, често им се кажува дека нема да бидат задоволни со својот живот или дека подоцна ќе зажалат за својата одлука. Не видовме никаква разлика помеѓу бездетните луѓе и родителите. Тоа сугерира дека луѓето без деца се слични на другите во условите за задоволство од животот и честопати не се каат за нивната одлука подоцна – изјавила Џенифер Ватлинг Нил, една од авторите на студијата.

Истражувачите откриле дека луѓето без деца можеби се дури и посреќни од оние со деца.

-Поголема е веројатноста родителите да сакаат да променат нешто во нивните животи – заклучила Нил.

Според Истражувачкиот центар „Пју“, повеќе жени отколку мажи чувствуваат социјален притисок да имаат деца, особено на помлада возраст.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top