Кога станува збор за работи што родителите никогаш не би дозволиле да ги прават нивните деца, списокот варира од семејство до семејство. Не се сите родителски стилови исти, но сите ја споделуваме потребата да ги заштитиме нашите деца.
Емили Спид, истражувачка на детски криминал, објави видео на „Тик-ток“ во кое наведува три работи кои, врз основа на нејзиното искуство, не би дозволила нејзините деца да ги прават.
„Првата работа е спиење кај пријател. Никогаш не знаеш кој е таму, а не се само возрасните. Има и браќа и сестри. Имав многу случаи кои вклучуваа спиење во туѓи куќи. И ако мислите дека е подобро да угостите уште едно дете во вашиот дом, ни тоа не го препорачувам“, вели таа.
Друга работа на списокот е користењето на популарната апликација „Снепчет“.
„Тоа не е добра апликација. Ја користат многу предатори кои бараат деца и тинејџери и бараат од нив слики и видеа. Работев на многу случаи кои вклучуваа експлоатација на деца поврзани со оваа апликација, така што моите деца никогаш нема да ја имаат“, објаснува таа.
Статистиката покажува дека 90 отсто од децата жртви на сексуална злоупотреба го познаваат својот насилник, што значи дека само 10 отсто од случаите вклучуваат непознати лица. А околу 60 отсто од злоупотребите ги прави лице во кое семејството на детето има доверба.
Watch on TikTok
Последното нешто што таа го споменува е разговарање со децата за непознатите опасности, но не на начинот на кој очекувате.
„Моите лекции би се засновале на разликата помеѓу добриот и лошиот допир. Приказната за морничавиот човек во комбето не е нешто за што би им кажувала на моите деца. Јас ќе им кажам на моите деца дека секогаш можат да разговараат со мене ако нешто им се случи и никогаш нема да бидат во неволја ако се жртви“, заклучила таа.