Летниот камп можеби нема да доаѓа предвид оваа година, но тоа не значи дека децата не треба да го доживеат. За таа цел, „Јутјуб“ создаде дигитално искуство наречено #CampYouTube за да им го овозможи на децата токму ова искуство.
#CampYouTube нуди повеќе од 1.200 видеа приспособени за родителите и децата преку камп-ориентирани категории како уметност, авантура, спорт, плус рецепти за грицки, занаетчиски проекти, виртуелни патувања, разговори и слично.
На авантуристичкит фронт, „Explore Live Nature Cams“ им дава на децата можност да ги набљудуваат орлите, поларните мечки и други животни, додека „Сајгрлс“ ги носи младите истражувачи на локалитети за копање како Јута, каде што ќе бидат сведоци на откритија на домородни американски артефакти. Со јажето в рака, курсевите за врзување јазол ќе им помогнат на децата да ги зајакнат нивните вештини за преживување.
За повеќе археолошки откритија, тинејџерите ќе можат да го посетат Американскиот музеј за природна историја, а ако имаат среќа, може ќе откријат фосил од диносаурус и да ги научат најдобрите практики преку „The Brain Scoop“, додека помладите деца ќе имаат шанса да направат аквариум дома или да научат како да се подготват за планинарење.
Оние што се насочени кон уметноста можат да научат нешто плус за историјата на уметноста, танцување, музика, глумење, пишување песни, цртање и креативно пишување. На деца по 14 години „Art of Kids Hub“ им овозможува да создадат ремек-дела со предмети од домаќинството додека учат историја на уметноста, практикуваат балет и други потези.
Има и видеа за спорт и велнес, фудбал, американски фудбал, бејзбол, јога и медитација и истегнување – како и млади кошаркарски кампови поделени според возраст и способност од „Јr.NBA“. За деца од 13 години и помлади тоа значи вежби, а за тинејџери тоа е понапредна обука.
За сите заинтересирани за наука, математика, инженерство и технологија, постојат кампови што нудат можности за истражување на вселената, наука за земјата и компјутерско програмирање. Младите деца можат да научат да кодираат со „Голдибокс“ или да спроведат необични експерименти со „Пи-би-ес кидс“.
Секој работен ден веб-страницата ќе биде ажурирана со нови содржини, а под секоја тема има посебен дел за деца под 13-годишна возраст. За повеќе информации, посетете го „YouTube Kids“.
912