Воспитување

Исповед на татко кој ги чува децата за мајката да гради кариера

Во моето основно училиште само двајца татковци доаѓаа да си ги земат децата. Беа забележливи затоа што секогаш стоеја заедно, оддалечени од мајките. Немаа ништо заедничко освен фактот дека секогаш беа единствените мажи што ги чекаа своите деца пред училишните порти.
Тие беа татковци, домаќини, кои се грижеа за своите деца и за домаќинството. Додека нивните сопруги работеа, тие останаа дома, што значи дека ги носеа и ги земаа своите деца од училиште, пеглаа, переа, готвеа и пазареа.
Мајка ми и другите жени што стоеја пред училишната порта веројатно никогаш немале вистинска можност за кариера. Нашиот татко заминуваше на работа рано, се враќаше доцна и работеше во сабота. Го гледавме навечер и во недела. Домот и децата беа работа на мама.
Мама имаше мал, независен приход од наследни инвестиции, така што финансискиот дел целосно му беше препуштен на татко ми. Тој ѝ даваше неделен буџет за домаќинството, до неговата смрт, пред една деценија. Нејзиното незадоволство – поради неуспехот да создаде кариера во која инаку би успеала, затоа што беше врзана за куќата и децата и затоа што сакаше многу повеќе – се појави на средовечна возраст, манифестирајќи се со лутина, зависност и децении на најлошата депресија што може да се замисли.

Тато никогаш не сфати. И зошто би сфатил? Тој беше ист како секој друг маж во училишната заедница и во целата земја. Јас конечно сфатив кога ја паузирав мојата кариера за да ја следам мојата партнерка во странство.
Ова беше најтешкиот период од мојот живот. Постојано се чувствував виновен бидејќи бев помалку од совршен татко за моето момче и повиновен затоа што сакав да бидат стариот јас. Поголем дел од времето бев ужасно осамен. По осаменоста дојде срамот, што е најкорозивната од сите емоции. Ги мразев ситуациите во кои морав да објаснам што работам, иако имав работа со половина работно време. Беше 2001 година, а реакциите и од мажите и од жените честопати беа понижувачки.

Не можев да разговарам со никој – сигурно не со некој татко, а повеќето од мажите што ги познавав беа вработени со полно работно време или немаа деца, а и да имаа, за нив се грижеа мајките.

Некако успеавме да стигнеме до целта во која направив избор (или животот избра за мене) да престанам со конвенционалното полно работно време и да се стремам кон работата од соништата. Освен тоа, работев од дома и бев постојано тука за децата, па така открив дека сосема се надополнуваме – толку многу, што сега се грижам што ќе се случи кога ќе се исели нашето најмало дете.
Придобивките беа големи, но ќе лажам ако кажам дека дојдоа лесно и евтино.
Ќе бидам изненаден ако некое од моите деца има конвенционален брак од типот што ја дефинираше генерацијата на моите родители и поголем дел од мојата генерација. Се надевам дека нашите деца, особено нашиот син, ќе сфатат дека постои и друг начин.
За среќа, работите навистина се менуваат, иако тоа се движи пребавно. Сѐ поголем број мажи ги делат кариерата, семејството и менталното оптоварување со партнерите – или донесуваат одлуки да останат дома додека децата се мали.
Никогаш не било лесно, но станува полесно. А во некои случаи успешните преговори, поплочени со многу тензии, може сами по себе да станат краен чин на посветеност.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top