Во последно време хипнопородувањето станува сè попопуларно и многу се зборува за него. Овој пат своето искуство ни го раскажува Еми Флеминг, која првиот пораѓај го имала со помош на епидурална, а за вториот избрала хипнопородување.
Не бев изненадена кога прочитав дека хипнопородувањето станува дел во повеќе болници во Велика Британија.
Јас сум пробала хипнопородување и тврдам дека она непознато и страшно стана најприродното нешто во светот за многу жени.
Имам две деца. Првото породување беше сосема нормално искуство – измачување. Подготовките беа јога за трудници и забрзан курс за целата процедура во болницата. Бев зафатена со пишување план за породување и плеј-листа за ублажување на агонијата. Ништо од тоа не ми беше од помош.
Во раната фаза на породувањето ги следев стандардните совети: бањање, исхрана, малку парацетамол. Десет часа подоцна имав редовни и драматични контракции, па отидов во болница. Акушерката ме виде како се грчам, ме провери и ми рече дека е рано, дека сега почнал пораѓајот и да се вратам дома. Многу часови подоцна се вратив, но ми рекоа дека сè уште не е доволно за да останам. Првото породување на мојата сестра исто така беше бавно и заврши со абрупција на плацентата, со трансфузија на крв. Не изгледаше дека и јас ќе го имам истото, но бев преплашена.
Бидејќи беше ноќ, ми дозволија да останам. По многу часови мачење, акушерката предложи инјекција за да се одморам. Неволно ја прифатив и набрзо ме ставија на инфузија, примајќи синтетички хормони за да се забрзаат работите, и со тоа и епидурална. По некое време докторот ме породи со помош на форцепс. Син ми имаше модринки, но беше добар.
Породувањето со ќерка ми беше сосема спротивно. Јас се плашев, па решивме да одиме на курс за хипнопородување. Практичарката Кет ни објасни дека причината зошто жените имаат напорен и тежок пораѓај е нивниот страв, тие немале време и простор да ја направат природната работа и да се отпуштат. Стресот може да го забави породувањето и да упаднеме во каскада на медицински интервенции. Таа практично го сумираше целото мое искуство со синот.
Часовите опфаќаат едукација – со дијаграми и снимки за породување во целосна тишина, а делумно и со хипноза. Кет нè опушташе, некогаш толку длабоко што заспивавме, а и нè полнеше со позитивна енергија. Нè охрабруваше контракциите да ги сфатиме како еден голем бран, што звучеше помалку клинички, а повеќе како опишување на чувствата. Дома читав книги за хипнопородување, секојдневно слушав позитивни афирмации за породувањето.
Работевме на развој на позитивни подготовки кога ќе дојде времето. На пример, Кет го научи мојот сопруг да ги стави рацете на моето рамо и да каже „длабоко“. Ова истовремено беше смешно и ефективно. И музиката стана секојдневие во нашето опкружување.
Првиот знак дека курсот функционира е мојата одлука да се породам дома. Хипнопородувањето ми даде сила и јасност да го препознам моето чувство на непријатност и недостиг на удобност во болницата.
Терминот за породување на мојата ќерка беше на мојот роденден, тогаш и стигна. Лежев во креветот цел ден, јадев пица, и го слушав своето цеде, дишев на стомак, и понекогаш бев допрена по рамо со зборот „длабоко“ (и понатаму смешно, но ефективно). Му дозволив на телото да се препушти наместо да се превртувам во болничкиот кревет.
Веќе околу ручек тие „огромни бранови“ станаа неверојатно силни, беа многу блиску до болка. Некој внатрешен мотор го презеде воланот и станав смирена и возбудена. Акушерката стигна, ме погледна и ми рече: „Бебето доаѓа“.
Тоа беше сто проценти позитивно искуство и би му го препорачала на секој родител. Се изненадив кога видов една студија која покажала дека хипнопородувањето се разликува само три проценти од епидуралот. Признавам, за разлика од моето хипнопородување, сите тие породувања од студијата биле први породувања и тоа во болница. Но да ја оставиме таа статистика за ослободување на болката настрана, студијата покажала дека процесот навистина има позитивни ефекти.
Навистина се исплати читањето на книгата, слушањето на тоа цеде бидејќи ме ослободи од стравот од породување и од постпородилниот стрес. Дополнителна корист е редовноста во доењето. Што се однесува до мене, јас си докажав дека огромните стравови не се непобедливи. Ова беше триумф.